Топ
Притвор за наставник од Чегране кој прегрнувал и бакнувал ученичка во празна училница

Гостиварската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен наставник во основно училиште во селото Чегране, поради тоа што на 29 јануари во училница во училиштето повикал малолетно девојче, ја затворил вратата, па го прегрнал и бакнувал.
Гостиварското основно јавно обвинителство соопшти дополнителни детали за случајот, според кои наставникот извршил полови дејствија врз ученичката на возраст од 9 години.
Тој за време на паузата за одмор ја повикал оштетената да оди кај него во училницата, ја допирал и ја бакнувал, при што со мобилниот телефон направил заедничка фотографија со девојчето.
Кога оштетената малолетничка излегла од училницата, осомничениот ѝ кажал дека повторно ќе ја повика.
Наставникот го пријавил родител на девојчето, по што тој бил уапсен и изведен пред судија во претходна постапка во Основниот суд Гостивар, кој му определил мерка притвор од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Пратеникот на Трамп за Блискиот Исток: Војната во Украина беше испровоцирана, тоа не мора да значи дека Русите ја испровоцираа

Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф денеска изјави дека Русија не треба нужно да се обвинува за предизвикување војна во Украина, пишува „Политико“.
„Војната во Украина не требаше да се случи – таа беше испровоцирана. Тоа не мора да значи дека Русите ја испровоцираа“, рече Виткоф во емисијата „State of the Union“ на Си-ен-ен.
After Special Envoy @SteveWitkoff suggests Russia’s invasion of Ukraine was “provoked,” @JakeTapper plays a clip of Russian state TV saying Trump is echoing Putin’s rhetoric and that Trump’s attacks on Zelensky “are in total alignment with the way we see things.” pic.twitter.com/nWi5ggMxIK
— State of the Union (@CNNSOTU) February 23, 2025
Виткоф посочи дека желбата на Украина да се приклучи на НАТО ја поттикнала војната.
„Имаше секакви разговори за пристапување на Украина во НАТО… Тоа не мораше да се случи“, рече тој.
„Тоа всушност стана закана за Русите и сега треба да се справиме со тој факт, а тоа се реалните факти“.
Европа
Мерц: Америка веќе не се грижи за Европа

Претседателот на германската Христијанско-демократска унија (ЦДУ), Фридрих Мерц, рече дека негов главен политички приоритет е „да ја зајакне Европа што е можно побрзо за да стане независна од Соединетите држави во областа на одбраната“.
„Никогаш не мислев дека ќе треба да го кажам ова на телевизија, но по изјавите на Доналд Трамп минатата недела, јасно е: оваа американска влада не се грижи за Европа“, рече Мерц, мислејќи на коментарите на Трамп во кои тој сугерираше дека можеби ќе ја намали американската воена поддршка за европските сојузници.
Мерц ги осуди и постапките на Илон Маск, тврдејќи дека славниот милијардер се „мешал“ во германските избори, што ги споредил со пропагандни методи кои можеле да се слушнат „од Москва во минатото“.
Неговите изјави доаѓаат откако Маск минатиот месец јавно ја поддржа крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД), што предизвика бројни контроверзии во германскиот политички простор.
Мерц, кој се обидува да ја позиционира ЦДУ како клучен играч во стабилизирањето на европската безбедносна политика, ја истакна потребата од зајакнување на европските одбранбени капацитети и намалување на зависноста од американската воена заштита. Овие изјави дополнително го истакнуваат се поголемиот јаз меѓу европските лидери и американската политика во ерата на политичкото влијание на Трамп.
Македонија
Мицкоски со честитка до ЦДУ: Европа бара промени

Премиерот Христијан Мицкоски ја честиташе победата на ЦДУ на изборите во Германија преку социјалните мрежи.
„Овој успех е потврда за довербата што германските граѓани ја имаат во лидерството и во принципите на кои се темели ЦДУ – стабилност, развој и посветеност на вредностите на европската христијанска демократија.
Заедно да соработуваме за доброто и просперитетот на нашите граѓани. Европа бара промени“, напиша Мицкоски.