Регион
Полицаец и двајца напаѓачи се убиени во нападите во Истанбул – ВИДЕО

Еден полицаец и двајца напаѓачи се убиени, додека најмалку десет се ранети во нападите со автомобил-бомба и со огнено оружје врз полициската станица во истанбулскиот кварт Султанбеј, ноќта кон и рано утрото во понеделникот, пренесуваат турските медиуми.
Во експлозијата на автомобилот бомба којашто одекнала околу 1 часот по полноќ во понеделниот, се повредени седум цивили, двајца полицајци и еден заменик-началник на полициската станица, пренесува телевизија CNNTürk, повикувајќи се на соопштение на полицијата на Истанбул.
Во меѓувреме, делови од трикатната полициска станица се урнаа оштетувајќи ги околните згради и десетици автомобили, кои исто така се оштетени во пожарот што избувнал по експлозијата. Огнот бил брзо ставен под контрола, а жртвите во нападот се хоспитализирани, пренесува агенцијата Cihan.
Иако полициските сили го блокирале приодот кон местото на нападот, околу 6,45 часот напаѓачи повторно отвориле оган врз припадниците на полицијата кои ја спроведувале истрагата. Во извештајот на агенцијата Dogan се истакнува дека престрелката продолжила подолго време, и притоа во судирот бил убиен шефот на тимот за деминирање, Бајазит Чекен. Се додава полицијата ги подигнала телата на застрелани двајца напаѓачи.
Очевидци за медиумите рекле дека непозната група луѓе непосредно пред нападот врз полициската станица, со камења и други предмети го нападнало локалното седиште на Народната демократска партија (HDP).
Неколку часа по експлозијата пред полициската станица, двајца напаѓачи отворија оган врз зградата на конзулатот на САД во Истанбул, и побегнале кога полициското обезбедување на објектот возвратило. Агенцијата Doğan, јави дека во нападот во истанбулската населба Саријер учествувале маж и жена. Жената наводно подоцна била уапсена во куќа близу местото на нападот, во која се криела.
Во овој напад што го потврди и американската амбасада во Анкара, немало повредени, а портпаролот на дипломатската мисија во турската престолнина за AFP изјавил дека „сé уште се работи на утврдување на околностите за нападот“.
Засега нема информации дали двата напада, за кои засега никој не ја презема одговорноста, меѓусебно се поврзани.
Владата на Турција од крајот на јули презема широка операција против забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK) и џихадистичката организација Исламска држава, како и против помалите екстремни левичарски групации. Во судирите и терористичките напади со кои возврати PKK, досега се убиени најмалку 25 припадници на турските безбедносни сили./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.