Компании
БИOTEK Лабораторија отвори микробиолошка и молекуларна лабораторија
БИOTEK Лабораторија, првата специјалистичка лабораторија направена по водечките светски стандарди, отвори две нови лаборатории – микробиолошка и молекуларна лабораторија.
Лабораториите на БИОТЕК се познати по тоа што се опремени со најсовремени технолошки апарати од најголемите светски производители на медицинска опрема, реагенси и софтвери за дијагностика. „Желбата за придонес кон подобро здравје кај луѓето е она што нè води и нè мотивираше да инвестираме во најсовремени апарати за биохемиски, имунолошки, вирусолошки, микробиолошки и молекуларни анализи. Во БИОТЕК Лабораторија избравме да го презентираме најдоброто од она што го работиме 17 години во областа на здравството: најдобри апарати, реагенси, најсовремени софтвери за толкување на резистенција кај пациенти кои примиле антибиотици, најсовремени тестови за алергии, со најсовремени протоколи и сертификати. Создадовме искусен тим на доктори и медицински лица кои поседуваат високи професионални и етички вредности. Сакаме на секој пациент да му го покажеме она што сме го научиле работејќи со најголемите светски производители во оваа област. Исто така, сакам да напоменам дека иако нашата лабораторија нема договор со фондот за здравство, работиме со фондовски цени со една цел – да бидеме достапни за секого”, изјави Анкица Синадинова – Базерко, Мр. Фарм.Со отворањето на новите лаборатории, БИОТЕК Лабораторија воведе нови анализи кои не се работат во другите лаборатории, како на пример: PHI-Prostate Health Index, нови тестови со софтверски протокол за детекција на канцер на простатата кој овозможува избегнување на биопсија, прокалцитони – точно дефинирање на бактериска од вирусна инфекција, како и следење на антибиотска терапија, автоматска микробиолошка идентификација и антибиограм со најсовремено софтверско толкување (Vitek- advanced expert software), PCR детекција на многу анализи кои во Македонија се работат на брзи тестови или микроскоп како на пример респираторни инфекции од вирусно и бактериско потекло – во еден панел, кламидија од урина, неподносливост на лактоза и фруктоза, испитување на Витамин Д – основен маркер за рахитис и остепороза, проверка дали примената вакцина направила антитела во вашиот организам.Опремата и реагенсите во лабораториите се од врвни светски брендови како Beckman Coulter, BioMerieux, MEDIWISS. БIOTEK лабораторија нуди комплетна клиничка анализа без упат по фондовски цени со најсовремена технологија, мониторирана и сертифицирана во Англија на месечно ниво. Молекуларната и микробиолошката лабораторија се наоѓаат во рамките на веќе постоечките простории на улица Аминта трети 44, поранешна Ленинова, во центарот на Скопје. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

