Топ
Силувано малолетно девојче во Пробиштип
Дваесет и тригодишен жител на пробиштипското село Трипатанци извршил обљуба врз малолетничка. Тој е уапсен вчера. По обљубата, тој му се јавил на таткото на девојчето и му соопштил дека малолетничката ја однел во неговиот дом.
По целосно документирање на случајот, против Т.С. ќе биде поднесенa кривична пријава по член 188 од КЗ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Судот изрече притвор за четири лица од проширената истрага за пожарот во „Пулс“

Судот на четири лица им изрече мерка притвор во траење од 30 дена, за шест лица куќен притвор и мерки за претпазливост, а за осум лица е изречена мерка за претпазливост во проширената истрага за пожарот во „Пулс“, кадешто животот го загубија 61 лице.
Еден осомничен во моментот на отворање на истрагата се наоѓа надвор од државата, а според медимските натписи станува збор за амбасадорот и ексминистер за економија Дртитон Кучи.
Приширената истрага опфаќа четворица поранешни министри за економија, како надлежно министерство за издавање на лиценците. Се работи за министри кои ја извршувале оваа функција од 2012 година, откако „Пулс“ нелегално работела. Претходно денес, обвинителот Љупчо Коцевски рече дека актуелниот министер кој во моментов раководи со Министерството не е опфатен со истрагата оти во негово време „Пулс“ не побарал лиценца. Покрај министрите, се сомничат и тројца државни секретари од ова министерство и шест службени лица на раководни позиции надлежни за угостителство и туризам.
Осомничени се и тројцата градоначалници на Кочани, но со проширувањето на истрагата и тројца овластени општински градежни инспектори кои не извршиле контроли во објектот кој со години бил незаконски пренамент од објет за лесна индустрија во кабаре, без никакви безбедносни стандарди.
Во рамки на Дирекцијата за заштита и спасување, покрај претходно осомничениот директор, истрага е поведена и за уштре тројца директори, вклучително и актуелниот директор. Постои сомнение дека целосно ги запоставиле своите надлежности, и тоа, не само на овој клуб туку и на останатите во државата оти низ годините ниту еднаш не спровеле инспекциски надзор.
Прочитај и: Граѓаните биле под потенцијална загрозеност во сите дискотеки, рече Коцевски
Осомничени се и седуммина пазарни инспектори во ДПИ, а истражни постапки има и против седум полициски службеници од СВР Штип и ПСОН Кочани.
Сите осомничени 47 лица и три фирми се сомничат за тешки дела против општата сигурност.
Македонија
Таравари: Политиката не треба да биде средство за личен комодитет, туку служба за народот

Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку статус на Фејсбук порача дека никогаш не чувствувал завист за власта, иако признава дека е тешко да ѝ се одолее. Тој истакна дека за него политиката секогаш била и ќе остане едноставна формула: што правиме за народот, а не што правиме за себе и за тесниот круг околу нас.
„Ова беше системот којшто ја парализираше нашата заедница и затоа категорично не смееме да го повториме“, напиша Таравари, додавајќи дека проблемите во системот не се само прашање на имиња, туку на групации и менталитети.
Тој апелира за суштинска промена во политичкиот пристап и ја нагласува опасноста од неуспехот да се направи таа промена: „Можеме да останеме со истите имиња, но мора да го смениме менталитетот, инаку повторно ќе паднеме во кругот на незаслужени придобивки, што поедноставено значи: ќе го одмараме нашиот грб на грбот на народот“.
Македонија
Во Свети Николе затекнат локал на нива: вработените непријавени, објектот дивоградба, без план за евакуација

Полицијата во соработка со инспекторите и претставници на локални институции изврши контрола на угостителски објект во Свети Николе сопственост на А.К. при што биле констатирани низа неправилности.
„Не биле исполени минималните технички услови за работа, вработените биле непријавени, немало проценка, план, правилник и елаборат за заштита од пожари. Објектот немал ниту систем за детекција за дојава од пожари, план за евакуација, хидранти и доволен број на ПП апарати.
Констатирано било и дека објектот е дивоградба односно нема градежна дозвола и се наоѓа на земјоделско земјиште.
На сопственикот му е издадено решение за забрана користење на објектот.