Црна хроника
Демолирано кафулето „Дамар“ во Скопска чаршија

Група од десетина маскирани лица во четврток вечер го демолирале кафулето „Дамар“ во старата Скопска чаршија каде што се одржувала прослава на ЛГБТ центарот. Во инцидентот е повредено едно лице.
Хулиганите насилно влегле во кафулето околу 21 часот, по што почнале да го кршат инвентарот. Откако направиле неред, си заминале. Во инцидентот била повредена една девојка.
Полицијата изврши увид и работи на откривање на сторителите.
Вчера во кафулето „Дамар“ ЛГБТ заедницата во Македонија прославуваше двегодишнина, а настанот го организираше Хелсиншкиот комитет за заштита на човековите права.крај/мф
Извор: Фото/Телеграф.мк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Ноќен хорор во Штип: Млада девојка насилно внесена во возило, нападната и снимана со телефон

Саботната вечер во Штип завршила насилно за 21-годишна девојка. Околу 22 часот, додека се движела низ градот, таа била пресретната од две жени. Едната, 28-годишна жителка на Кочани, со употреба на сила ја внела девојката во автомобилот што го управувала другата.
Ноќта продолжила во мрачна насока – одвезена во една од штипските населби, девојката била физички нападната. Додека траел нападот, осомничената не се задоволила само со насилството – таа ја снимала жртвата со својот мобилен телефон, информира полицијата.
Утрината по инцидентот, полицијата од Кочани ја привела 28-годишната кочанчанка. Случајот е документиран и расчистен, а против неа ќе биде поднесена кривична пријава.
Црна хроника
Oбдукција покажала дека скопјанец не починал поради сообраќајка како што стоело во извештајот

Полициски службеници од СВР Скопје утрото на 12 септември 2025 година, околу 06:10 часот, при преземање службени дејствија во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, забележале дека во извештајот за едно починато лице било заведено дека смртта настанала како последица од сообраќајна несреќа.
Во разговор со дежурниот болнички персонал било утврдено дека лицето, С.Б. (58) од Скопје, било донесено во болницата околу полноќ без знаци на живот. По повеќе од половина час обиди за реанимација, лекарите ја констатирале смртта.
Дополнително било посочено дека истиот маж, на 11 септември, се јавил на лекарски преглед, жалејќи се на болки кои ги поврзувал со претходна сообраќајна незгода.
Истражувањето на полицијата утврдило дека на 28 август 2025 година, С.Б. заедно со неговата сестра се возеле во такси кое се судрило со друго возило на улицата „Борис Трајковски“. Во несреќата лесно била повредена само жената која го управувала другото возило, додека останатите учесници, вклучувајќи го и С.Б., не пријавиле повреди.
По наредба на јавен обвинител била извршена обдукција на телото, при што било утврдено дека смртта не е поврзана со сообраќајната несреќа.
Црна хроника
Трагедија во Аеродром: На скопјанец му се слошило на скали, починал на лице место

Ноќта помеѓу петокот и саботата на 64-годишниот Б.В. од Скопје му се слошило додека се наоѓал на скалите во својот дом на подрачјето на општина Аеродром.
Според пријавата, мажот паднал поради нагло влошување на здравствената состојба, а лекар од Итната медицинска помош по пристигнувањето на местото ја констатирал неговата смрт.
Увид извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.