Европа
Русија му забрани на татарскиот лидер влез на Крим

Русија изрекла забрана со која на лидерот на Татарите на Крим, Рефат Чубаров, не му е дозволен влез на полуостровот Крим, кој во март се припои кон Русија и стана дел од Руската Федерација.
Чубаров, чија заедница го поддржува Киев, во неделата информирал дека влезот во Крим за него е блокиран и при тоа му бил врачен официјален документ со кој му се забранува да дојде на руска територија до 2019 година, пренесува АФП.
Претходно ваква забрана беше изречена и за уште еден лидер на татарското малцинство, украинскиот пратеник Мустафa Џемилев, потсетуваат странските агенции.
Москва во март го анектираше Крим, по спроведениот референдум на кој, како што тогаш соопштија проруските власти, повеќе од 97 отсто од гласачите се одлучиле за одвојување од Украина и припојување кон Русија.
На Крим живеат околу 300 илјади мислимани Татари, кои сочинуваат околу 12 отсто од жителите на овој полуостров. Тие главно го бојкотираа гласањето и сега се соочуваат со поголеми тешкотии по доаѓањето на руските власти, наведува француската агенција АФП.
ОН соопштија дека регистрирале „сериозни проблеми“ поврзани со застрашување и шиканирање на татарската заедница на Крим./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Телото на папата Франциско денеска ќе биде преместено во базиликата

Телото на папата Франциско утрово ќе биде пренесено во базиликата Свети Петар. Церемонијата започнува во 9 часот, соопшти Ватикан.
Телото на папата моментално е положено во ковчег во капелата на Домот Света Марта, каде што живеел за време на неговото папство.
Ватикан вчера соопшти дека погребот на папата Франциско ќе се изврши во сабота во 10 часот на плоштадот Свети Петар. Тој ќе биде погребан во базиликата Света Марија Велика во Рим.
На последното збогување ќе присуствуваат стотици илјади верници, како и странски лидери како американскиот претседател Доналд Трамп, францускиот претседател Емануел Макрон и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Европа
Путин призна дека Русија напаѓа цивилни цели во Украина, го обвини „киевскиот режим“ дека користи жив штит, објави Медуза

Владимир Путин во понеделникот призна дека Русија повеќе пати напаѓала цивилни цели во Украина, тврдејќи дека цел на овие напади биле украински војници и воена инфраструктура лоцирани во станбени и комерцијални области, пренесува Медуза.
Во изјава за новинарот на државната телевизија Павел Зарубин, рускиот претседател директно се осврна на рускиот напад на 13 април во центарот на Суми, во кој загинаа најмалку 35 луѓе, а повеќе од 125 други беа повредени. Путин рече дека нападот бил насочен кон украинските војници собрани тоа утро за да им бидат врачени награди за нивното учество во упадот во рускиот регион Курск:
„На пример, сите знаат за нападот на нашите вооружени сили врз Конгресниот центар на Универзитетот Суми. Дали е тоа цивилен објект? Да. Но, таму одржуваа церемонија на доделување награди за оние што извршија злосторства во регионот Курск – и членови на украинските вооружени сили и националисти. Тоа се луѓе кои ги сметаме за криминалци и кои заслужија одмазда за нивните дејствија, вклучително и во граничниот регион. Но, дали е тоа цивилен објект или не, режимот во Киев ги користи овие цивилни објекти“.
Во неговиот разговор со Зарубин, Путин ги спомна и претходните руски напади во Одеса врз земјоделската инфраструктура, тврдејќи дека украинските власти „заедно со нивните странски ментори“ развиваат и тестираат нова ракетна технологија на локацијата.
Дополнително, Путин опиша напад врз ресторан во кој наводно се собирале воени злосторници – очигледно упатување на рускиот напад на 4 април во станбена област Криви Рих, во кој загинаа најмалку 20 цивили.
Европа
Зеленски пристигнува на погребот на папата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе присуствува на погребот на папата Франциско, пренесе АФП повикувајќи се на извор од украинскиот претседателски кабинет.
Според истиот извор, канцеларијата на Зеленски ја подготвува неговата посета на Рим за Зеленски лично да се прости од поглаварот на Католичката црква.
Како што претходно беше најавено, погребот на папата Франциско ќе се изврши в сабота, 26 април, во 10 часот по локално време. Досега Трамп и Макрон потврдија дека ќе бидат на погребот, но се очекува да присуствуваат многубројни светски лидери и стотици илјади верници.