Економија
Стартува младинскиот додаток, по 3.000 денари месечно за лица до 23 години вработени во производство
Вицепремиерката задолжена за економски прашања Мила Царовска, заедно со дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ, директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска и градоначалникот на Штип Благој Бочварски се сретнаа со вработени од неколку фабрики и со ученици од средни стручни училишта во Штип, во врска со најновата владина марка – младински додаток.
Како што информираат од владината прес-служба, целта на средбата била да се информираат младите лица до 23 години, како и нивните родители за надоместокот што им следува помладите вработени во производствената дејност.
Вицепремиерката за економски прашања Царовска посочи дека Владата во тесна соработка со организациите на работодавачи, стопанските комори, синдикатите и невладините организации креирала низа мерки со кои се влијае на покачување на платите, развојот на компаниите и подобрување на условите за работа на работниците.
„Преку младинскиот додаток, младите лица до 23 години кои веќе работат во индустријата или планираат да работат во производството ќе добијат по 3.000 денари на нивната плата на месечно ниво. Таа нема да се исплаќа преку работодавачот, туку на нивната индивидуална сметка, преку Агенцијата за вработување“, изјави Царовска.
Дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ истакна дека со младинскиот додаток се опфаќаат вработувања или самовработување со претежна производствена дејност или земјоделство.
„Она што ние сакаме и на што работиме е да имаме не само вработувања на младите, туку сакаме сите вие и сите ние да имаме добро платени и квалитетни работни места. Младински додаток е токму таква мерка, со која се овозможуваат подобро платени работни места за младите луѓе“, кажа Шкријељ.
За исплата на месечниот додаток од 3.000 денари за 2020 година предвидени се 160 милиони денари и истиот се очекува да го примаат околу 4.000 лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот
Еврото денеска падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот откако најновите податоци покажаа дека деловната активност во еврозоната нагло паднала во ноември.
Според податоците на берзата, европската заедничка валута во еден момент се тргуваше по 1,0399 долари, што е најниска вредност од декември 2022 година, пренесува CNN (CNBC).
Глобалната агенција S&P објави дека композитниот индекс во еврозоната паднал од октомвриските 50 поени на 48,1 поени.
Економија
Во октомври годишен раст од 11,0 отсто на вкупните депозити и од 9,2 отсто на вкупната кредитна поддршка
Годишниот раст на вкупните депозити изнесува 11,0%, којшто произлегува од зголемените депозити на двата сектора, со поизразен придонес на секторот домаќинства.
На годишна основа, вкупните кредити се зголемени за 9,2% како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, при поизразен придонес кон растот на кредитите на корпоративниот сектор.
Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на следниот линк.
Економија
Преку Wine vision by Open Balkan ќе се промовира македонското врвно вино и традиционалната македонска храна
Од 22 до 24 ноември оваа година се одржува најголемиот саем во Белград „Wine vision by Open Balkan“ каде што свое место ќе заземе и македонското вино и традиционалната македонска храна.
Оваа година од Македонија на саемот во Белград ќе учествуваат 80 наши винарии и дестилерии, 6 изложувачи на храна и ресторан со 3 готвачи.
Токму на овој настан посетителите ќе имаат можност да ги вкусат врвните македонски вина, да се запознаат со нашите традиционални вкусови и гастрономски особености.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги поддржува нашите изложувачи се со цел да се промовираат земјоделските производи и да се прошири извозот на истите надвор од границите на државата.
Во склоп на настанот кој што се одржува овие неколку дена ќе се одржи и македонска вечер на која што ќе присуствуваат високи делегати и владини претставници од други држави.
Преку македонската вечер присутните гости ќе се запознаат со богатството со кое што располага Македонија кога станува збор за вино и храна, велат од МЗШВ.