Скопје
Невремето откорна 40 дрва, оштетени автомобили, поплавени домови и објекти
Силното невреме што во четвртокот попладнеги погоди источните делови на Скопје откорна четириесетина дрва, оштетени се автомобили и покриви, а попалдени се повеќе домови и објекти.
Силното невреме вчера ги погоди источните делови од градот – општините Центар, Кисела Вода и Аеродром, дел од општината Чаир и општината Гази Баба.
Од Град Скоје информираа дека надлежните екипи веднаш интервенирале на критичните точки.
Се интервенираше на подзвозникот кај стоковната куќа „Мост“, на булеварот Алаксандар Македонски, на клучката кај хотелот „Континентал“, на булеварот Србија, на подвозникот на улицата Павел Шатев, во делови од општината Кисела Вода, на подвозникот на булеварот Киро Глигоров, на булеварот Гоце Делчев кај зградата на МРТВ, на улицата Финска во Маџари и во населбата Автокоманда, се вели во соопштението.
На повеќе локации во градот силниот ветер искрши и турна 39 дрвја, а искрши и многу гранки.
Во Градот Скопје се пријавени поплави во повеќе домови, при што на исцрпување на водата интервенираа екипи на ЈП „Водовод и канализација“ и на Противпожарната бригада.
Целосно се поплавени подрумските простории на средното училиште „Владо Тасевски“ во Аеродром, пријавени се оштетувања на покривите на повеќе објекти – индивидуални куќи и згради во Кисела Вода и во Аеродром. Оштетени се и голем број автомобили.
Екипите на Градот Скопје и денеска ја следат состојбата на терен и се мобилни зашто од УХМР повторно се најавуваат обилни врнежи од дожд. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар и Сарај в понеделник без вода
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека зафатот кој беше најавен за денеска поради одредени технички пречки се одложува за понеделник.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

