Македонија
Жерновски и ОБСЕ: Законот за ЈО ветер во грб на патот кон ЕУ
Во рамките на албанското Претседателство на ОБСЕ за 2020 година, денеска во Скопје беше организирана конференција „Превентивни мерки и спроведување на законот: градење отпорност кон корупција во Југоисточна Европа“.
Заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски изрази благодарност за долгогодишната плодна соработка со ОБСЕ и нејзината Мисија во Скопје, за вредната поддршка и помош понудена со цел да им помогне на националните напори за зајакнување на меѓуетничките односи, владеење на правото, судството, изборното законодавство, полициските реформи и процесот на децентрализација. „Ова е важно не само за процесот на интеграција во ЕУ, туку пред сè и за граѓаните на нашата земја, нејзината стабилност и просперитет”, истакна Жерновски.
Зборувајќи на темата и осврнувајќи се на национални напори за спречување и борба против корупцијата, нагласи дека оваа Влада вложи многу напори за враќање на владеењето на правото, враќање на демократијата преку подобрување на човековите права, борба против дискриминација, подобрување на социјалната кохезија, создавање подобри услови за слободно изразување и слободен печат, преку проширување на просторот за граѓанското општество и повторно воспоставување демократска контрола врз безбедносните служби.
Жерновски информираше дека вчера вечерта Владата го усвои предлог-законот за јавно обвинителство за којшто е постигнат широк политички договор. При тоа истакна дека усвојувањето на овој закон ќе биде голем придонес за нашата европска интеграција и уште еден дополнителен аргумент за Европската Унија да донесе позитивна одлука поврзана со започнувањето на пристапните преговори со нашата земја. „Особено важно за сите наши граѓани е што Законот ги предвидува потребните услови за владеење на правото во нашата земја и креира атмосфера за враќање на довербата на јавноста во правната држава”, заклучи Жерновски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина
Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Според информациите на МВР, вчера во 13:30 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го приведоа Н.И.Л.(47) од Република Бугарија затоа што при гранични проверки и извршен преглед во содејство со царински службеници на патничко возило „хонда џез“ со бугарски национални ознаки, со кое допатувал, биле пронајдени и одземени метален боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Од Основен суд Крива Паланка му била изречена парична глоба и санкција „протерување на странец од земјата“ во траење од една година.
На 13.01.2026 во 02:10 часот Н.И.Л. е спроведен во Граничниот премин Деве Баир и е предаден на бугарските погранични полициски служби.
Македонија
МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика
Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба.
„Поради влошената безбедносна состојба во Исламска Република Иран, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија апелира до македонските граѓани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, истата да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика. Истовремено, се апелира да се одложат сите патувања кон Иран кои не се неопходни“, велат од МНР.
Министерството за надворешни работи ги има ставено на располагање сите свои капацитети за асистенција на државјаните на Република Северна Македонија, преку 24-часовниот СОС дежурен телефон +389 75 268 736, електронската адреса [email protected], како и преку дежурниот телефонски број на Дипломатско-конзуларното претставништво на Република Северна Македонија во Анкара: +90 539 456 97 10.
фото/епа
Македонија
Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став 2 од Кривичен законик.
Јавниот обвинител предложи судијата на претходна постапка да определи мерка притвор спрема осомничениот бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и околности го оправдуваат стравувањето дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело.

