Економија
Мицкоски: Пониски даноци, инвестиции и пакет поволности за бизнисот, дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, имаше средба со членовите на управниот одбор на Комората за информатички технологии МАСИТ. Тој изјави дека на средбата се разговарало за потребите и предизвиците со кои што се соочува ИКТ-индустријата во Македонија. Мицкоски заедно со економскиот тим ја претставија економската програма преку која планираат зацврстување и на македонската економија.
„Имавме навистина убава средба, корисна за повеќе страни. Како што кажа и претседателката, Управниот одбор на Комората МАСИТ има изработено една презентација, предлог-мерки што според нив би требало да бидаат дел од идната програма на идната Влада.
Ние едногласно се согласивме овде дека се многу слични на оние мерки коишто идната програма на идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ веќе ги предвиде. Така што имаат дел од тие мерки коишто исто така ќе ги додадеме. Бидејќи, како што кажавме и на претходните средби со стопанственици, и на средбата со Стопанската комора на Македонија програмата сè уште ја нема онаа финална верзија, сè уште е во работна верзија. Така што сето она коешто цениме дека се вклопува, а истовремено не го доведува во подредена положба ниту буџетот, ниту државата би требало да биде составен дел од програмата на идната Влада, економската програма и мерките коишто ќе ги предложи идната Влада.
Јас тука пред сè би сакал да ги напоменам оние мерки коишто за нив беа исклучителни важни, а тоа е рамниот данок, напуштање на политиките на прогресивно оданочување, целосно нивно укинување и враќање на рамниот данок во првите 100 дена законско решение за рамен данок од 9%, а година дена потоа и дури до 8% рамно оданочување. Потоа нула проценти данок на млади лица до 29 години, бидејќи денеска добивме и информација дека студенти на Универзитетите во Македонија коишто се идни ИКТ-инженери се некаде приближно околу 4 и пол илјади, односно 4.700. Ако таа бројка пред неколку години се мереше во стотици, денеска ги мериме во илјадници. А самиот развој на човештвото и самата еволуција на модерните текови наведува некако кон тоа да размислуваме многу посериозно, да стимулираме ИКТ-индустријата. Бидејќи не само во Македонија туку и во светот практично развојот и модернизацијата на општествата се императив. Ја споменавме дигитализацијата, ја споменавме трансформацијата на Министерството за администрација и ИТ во министерство за дигитализација, она коешто исто така претставува еден од основните столбови во програмата на ВМРО-ДПМНЕ за следните предвремени парламентарни избори.
Но, вистинска дигитализација, не онаа којашто ја нуди нашиот политички противник. Од една страна имаме трупање на јавната администрација, од друга страна имаме декларативни заложби за дигитализација. Така што еве со еден збор да завршам успешна, корисна средба, средба којашто е од огромно значење за нас“, истакна Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз
Македонија денес се претставува на „Винскa визија на Отворен Балкан“ во Белград.
Оваа година 80 винарски визби се претставуваат на овој саем од кои што 68 се мали семејни винарии и 12 винарски визби кои што се дел од здружението „Wines of Macedonia“, а за првпат имаме и изложувачи на квалитетна македонска традиционална храна.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, рече дека ова е одлична можност македонските квалитетни вина да бидат промовирани на саемот.
Тој посочи дека е зголемена продажбата на македонското вино надвор од границите на државата.
„Република Македонија е на 22 место во светот по производство на вино, а се наоѓа на 29-то место по извоз на вино во светот“, заклучи министерот.
Трипуновски додаде дека Владата има за цел да се зголеми производството на вино во државата со што ќе се зголеми и извозот на истото во светот. Девизен прилив од извоз на вино за 2023-та година изнесуваше над 57 милиони евра.
„Нашите вина се продаваат во преку 40 држави во светот. А, најголем дел се пласира овде во регионот, односно на Балканот“, истакна тој.
„Како Влада продолжуваме посветено да работиме во делот на секторот винарство бидејќи е втора најзначајна гранка во Република Македонија по извоз и девизен прилив“, нагласи министерот Трипуновски.
Економија
Илон Маск го сруши сопствениот рекорд на богатство, има 347,8 милијарди долари
Богатството на американскиот тајкун Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари во петокот, поттикнато од континуираните добивки во акциите на „Тесла“ и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција беше проценет на 50 милијарди долари.
Многу компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го круниса со политичко внимание.
Акциите на Тесла пораснале за 3,8 отсто во петокот, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе и дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.
Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на „Блумберг“.
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)