Црна хроника
Поднесено обвинение за лихварство и изнуда
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице за кривично дело изнуда, како и обвинителен предлог против друго лице кое се товари за кривично дело лихварство.
Вториот обвинет, на возраст од 25 години, на почетокот на 2019 година му дал услуга на едно оштетено лице, при што за себе договорил несразмерна имотна корист. Притоа, обвинетиот ја искористил тешката имотна состојба, недоволното искуство и лекомисленоста на сведокот оштетен, па му позајмил 20.000 евра со каматна стапка од 10% на месечно ниво. Парите на оштетениот му биле потребни за да намири семејни долгови на неговиот татко.
Посредник за зајмувањето и примањето на парите бил првиот обвинет, лице на возраст од 28 години. Откако оштетениот не можел навреме да го врати заемот, тој обвинет од септември 2019 година до 18.11.2019 година употребувал сериозни закани кон него и кон неговата мајка за да ги принуди да му дадат вкупни парични средства во износ од 120.000 евра. Исплашена за животот на нејзиниот син, мајката се сретнала со првиот обвинет во кафуле во еден трговски центар во Скопје и му предала 60.000 денари. Откако ги зел парите, тој веднаш бил лишен од слобода од страна на полициските службеници.
До Основниот кривичен суд Скопје јавниот обвинител достави и предлог за продолжување на мерката куќен притвор за првиот обвинет за кого постои опасност од бегство, но и оправдан страв дека тој би можел да го повтори делото, со оглед на тоа што неговите односи со оштетените сè уште не се расчистени, а тој и во неговиот исказ пред јавен обвинител продолжил да инсистира оштетените да ги вратат парите со лихварска камата.
За вториот обвинет на сила се претходно определените мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиште, обврска да се јавува повремено кај службено лице во судот, привремено одземање на патната или друга исправа за поминување на државната граница и забрана за издавање нова, како и забрана за приближување и одржување контакт со оштетените.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
(Видео) Пронајдени и запленети 62 пакувања со марихуана при претрес на возило во струшко
Денеска во 07:05 часот, на магистралниот пат Струга- Ќафасан, во близина на струшкото село Франгово, полициски службеници, од слобода го лишија А.Т.(46) од Поградец, Република Албанија.
При преглед извршен во патничко возило „опел зафира“ со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал, пронајдени се три торби со 62 паковки со марихуана.
Известен е јавен обвинител, дрогата е одземена, а А.Т. е задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.
Црна хроника
Починат маж пронајден во Охрид, бил пријавен за исчезнат пред четири дена
На 06.12.2025 година во 16:20 часот, во поранешни оранжерии на улицата „1 Македонска ударна бригада“, пронајдено е машко безживотно тело.
По преземени мерки, вчера е утврдено дека се работи за З.Т.(57) од Охрид, кој на 04.12.2025 година во 18.25 часот, во СВР Охрид бил пријавен дека се оддалечил од семејниот дом.
По наредба на јавен обвинител, денеска врз телото ќе биде извршена обдукција.
Црна хроника
МВР: Уште една измама со лажна сообраќајка, 82-годишна скопјанка измамена за 170.000 денари
Скопјанка на возраст од 82 години била измамена за 170 илјади денари во уште една измама со лажна сообраќајка.
„На 06.12.2025 во 10:20 часот во СВР Скопје, 82-годишна жена од Скопје пријави дека била измамена од едно лице за сума од околу 170.000 денари. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како полициски службеник и на оштетената и кажало дека нејзината внука предизвикала сообраќајна несреќа во која починало дете и дека е потребно да плати за да не оди во затвор. Како што е пријавено, таа излегла на улицата и ги дала парите на машко лице, но подоцна сфатила дека нејзината внука не учествувала во сообраќајна несреќа, односно дека е измамена“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

