Црна хроника
Шукри Алија седна на обвинителна клупа за помагање за убиство, за Монструм воопшто не бил сослушуван
Откако во декември минатата година беше екстрадиран од Косово, Шукри Алија по третпат седна на обвинителна клупа за помагање во убиството на таксистот Зоран Трајковски во скопско Визбегово во 2004 година.
Станува збор за повторено судење, откако обвинетите за овој случај Имер Риза, кој се товари за убиство и Шукри Алија кој се товари за помагање, добија ослободителни пресуди во 2005 и 2006 за ова дело.
Имер Риза остана на исказот што го дал на претходните судење, а Шукри рече дека обвинението е неосновано и дека нема докази против него.
„Лицето што мене ме обвинува дека сум учествувал во настанот, исказот го дал под присила, а тоа не може да се смета за релевантен исказ“, рече Шукри кој се пожали на условите во притворот.
На претходните судења беше утврдено дека таксистот го убил Рамадан Шити, убиен во полициската акција „Планинска бура“ во Бродец во 2007 година, кој седел на задното седиште, зад совозачот.
Адвокатите на обвинетите очекуваат и овојпат ослободитепна пресуда и тврдат дека ниту Риза го сторил убиството, ниту, пак, Шукри му помогнал да Шити да избега во Косово.
„За овој случај има две ослободителни пресуди од тогаш надлежниот суд Скопје 2 врз база на материјални докази коишто потврдија дека Имер Риза не можел да го стори убиството. Во возилото што го возел таксистот, Имер Риза се нашол случајно. Со Рамадан Шити и Сулејман Цури, со кои се познавале малку, играјќи фудбал во Сарај се качиле во едно такси, Имер Риза седнал до таксистот. Во еден момент од задното седиште, зад Имер Риза, биле испукани неколку куршуми. На тоа место седел Рамадан Шити и се докажа дека тој го сторил убиството“, вели Ефто Спировски, адвокат на Али Риза.
Адвокатот на Шукри Алија, Игор Стошиќ, негира дека Шукри помогнал некому во убиството. Тој негира и дека Шукри Алија му бил десна рака на Рамадан Шити и дека има некаква поврзаност со убиството кај Смилковското езеро.
„Проструија некои такви информации кога беше екстрадиран од Косово, меѓутоа и сами се уверивте дека МВР повеќе не даде никаква информација, ниту е поведена некаква постапка, ниту, пак, е сослушуван во врска со таа постапка“, рече адвокатот Стошиќ.
Министерството за внатрешни работи повикувајќи се на оперативни сознанија, дента кога Шукри Алија беше екстрадиран од Косово, соопштија дека станува збор за еден од најголемите приврзаници и идеолози на радикалниот ислам во Македонија и во поширокиот регион.
МВР не исклучува дека Шукри имал некое влијание врз сторителите на грозоморното убиство кај Смилковци.
„Досега лицето не фигурира во кривичната пријава, којашто беше поднесена од страна на МВР против осомничените сторители и помагачи во врска со грозоморното убиство на Смилковското езеро. Но, сепак, ќе се проверува неговата евентуална инволвираност и неговата евентуална улога, бидејќи не е исклучено дека имал некакво влијание врз сторителите, имајќи предвид фактот дека според оперативните сознанија фигурира како еден од главните идеолози и ментори на следбениците на радикалниот ислам во Република Македонија“, изјави на 5-ти декември Иво Котевски, портпарол на македонското Министерство за внатрешни работи.
Следниот ден, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска не ги коментираше изјавите кои беа пласирани во јавноста за поврзаноста на Шукри Алија со Монструм.
„За секое лице за кое ќе обезбедиме докази дека сторило кривично дело, без размислување ќе поднесеме кривична пријава. МВР не ги коментира медиумските прилози, односно слободата на уредувачката политика на медиумите, МВР поднесува кривични пријави врз основа на докази за сторено кривично дело. Ние ниту од поднесувањето на кривичната пријава до денес немаме нешто ново што би сметале дека треба да додадеме или да смениме“, изјави Јанкулоска.
Името на Алија Шукри се споменуваше и во 2005 година, како еден од учесниците во внатрешните пресметки во исламската верска заедница, како дел од групата која ги претепа имамите во џамијата во Кондово, обидувајќи се да внесат радикални елементи во исламската религија. За овој случај има правосилна пресуда , но за ова дело ќе има повторно судење бидејќи бил осуден во отсуство./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Инспектор од Македонска Каменица запалил службени документи и предизвикал пожар во полициска станица
Полицијата поднесе кривична пријава против Д.С. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“.
Пријавениот, на работно место инспектор за јавен ред и превенција во Полициско одделение Македонска Каменица при СВР Штип, на 27.08.2025 додека бил на работа, во кругот на Полициското одделение Македонска Каменица во старо метално буре кое се користело за фрлање на отпад, фрлил хартија од службени материјали, ги запалил и ги оставил да горат, по што огнот се проширил околу бурето, ја зафатил сувата трева и се приближил до објектот на Полициското одделение Македонска Каменица.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против Д.С. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина.
Црна хроника
Тешко повреден велосипедист во Скопје, удрил во пешак
Триесет и осумгодишен велосипедист е тешко повреден откако удрил во пешак во Скопје.
Според информациите на МВР, вчера околу 16:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, Ж.П.(38) од Скопје, управувајќи велосипед, удрил во пешак.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Ограбен скопјанец во автобус на ЈСП
Скопјанец е ограбен во автобус на ЈСП.
Според информациите на МВР, вчера во 16:00 часот во СВР Скопје, К.Д.(43) од Скопје пријави дека околу 07:20 часот во автобус на ЈСП, на подрачјето на Чаир, му бил одземен мобилен телефон.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

