Контакт

Европа

Франција ќе продолжи со нападите во Ирак и покрај грабнувањето на нејзиниот државјанин

Објавено пред

Франција ќе продолжи да му дава поддршка на Ирак во борбата против терористичките организации, без разлика на заканите за грабнатиот во Алжир граѓанин на Петтата република, изјави во вторникот претседателот Франсоа Оланд.

dobivaj vesti na viber

„Нема да потклекнеме на ниедна уцена, нема да отстапиме пред ниту еден притисок и ултиматум, колку и тие да се валкани и одвратни. Ние ќе продолжиме да ги поддржуваме ирачките власти“, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд, пренесува AFP.

Дека Франција без оглед на заканите ќе продолжи да ги исполнува своите ветувања и обврски кон властите на Ирак и покрај заканите, претходно во вторникот соопшти и премиерот Мануел Валс.

Во неделата навечер непознати лица во алжирскиот град Тизи-Узу го грабнаа 55-годинипт француски турист кој престојувал во областа Кабилија, каде што е најголема активноста на екстремните милитанти поврзани со глобалната терористичка група Ал Каеда.

Во понеделникот на интернет беше поставено видео на кое наводно грабнатиот Французин го моли претседателот Франсоа Оланд да ја сопре интервенција на военото воздухопловство во Ирак против џихадистите од Исламската држава. На снимката мажот вели дека е грабнат од припадници на радикалната терористичка група чии припадници порачуваат дека ќе го егзекутираат доколку Франција продолжи со воздушните удари врз позициите на Исламската држава во Ирак.

Француското министерство за надворешни работи го потврди подоцна грабнувањето на својот државјанин и автентичноста на видео материјалот. Администрацијата на претседателот Оланд соопшти дека Париз и Алжир соработуваат на сите нивоа за да го пронајдат и ослободат францускиот државјанин./крај/мф/сн

Извор: AFP



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Путин имаше долг разговор со човекот на Трамп: можни директни преговори меѓу Москва и Киев?

Објавено пред

Кремљ издаде кратко соопштение во кое се наведува дека денешната средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претставник Стив Виткоф, кој беше назначен од претседателот Доналд Трамп, завршила.

dobivaj vesti na viber

Според истиот извор, во разговорите учествувале и помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, и раководителот на Рускиот национален фонд за благосостојба, Кирил Дмитриев.

Средбата траеше три часа и беше конструктивна, рече Ушаков.

Според него, за време на разговорот била разгледана и можноста за директни преговори меѓу Русија и Украина. Ушаков додаде дека позициите на Москва и Вашингтон се приближиле не само во врска со Украина, туку и во врска со други теми и најави продолжување на „продуктивниот дијалог“ на различни нивоа.

Русија и Украина не воделе директни преговори од првите недели од војната, која започна во февруари 2022 година.

Пред да замине за Рим на погребот на папата Франциск, американскиот претседател Доналд Трамп кратко разговараше со новинарите и оптимистички коментираше за состојбата на преговорите:

„Мислам дека на крајот ќе склучиме многу добри зделки… Ќе се обидеме да се извлечеме од војните за да спасиме 5.000 луѓе неделно. Тоа е мојата цел. Сакам да спасам 5.000 млади мажи – претежно Украинци и Руси – 5.000 украински и руски мажи, и би ми било голема чест ако можам да го направам тоа“, рече Трамп.

„И мислам дека сме доста блиску“, додаде тој. Трамп не објасни од каде доаѓа проценката за 5.000 спасени луѓе неделно.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Експлозии во Киев и Харков, дел од населението заробено под урнатините

Објавено пред

Украинската воздушна одбрана дејствуваше рано утринава во украинскиот главен град Киев против комбиниран руски напад со беспилотни летала и ракети. Ројтерс јавува дека очевидци пријавиле серија силни експлозии.

dobivaj vesti na viber

Според првичните информации, загинале 9 лица, а 63 се повредени, од кои 42 се хоспитализирани, меѓу кои и шест деца.

Станбени згради се урнаа, а во тек е потрага по луѓе под урнатините. Психолозите и екипи со кучиња трагачи од Државната служба за итна помош се на терен.

„Во тек е комбиниран напад. Опасноста останува висока“, напиша на Телеграм Тимур Ткаченко, шеф на градската воена управа на Киев.

Тој, исто така, истакна дека пожари и урнати летала и делови од проектили се регистрирани во два квартови на западниот брег на реката Днепар, која го минува низ градот.

Кличко: Тимови лекари испратени во различни делови на градот
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, рече дека дронови летаат над централните области, наредувајќи им на тимови од лекари итно да се упатат во различни делови на градот. Ткаченко нагласи и дека пет лица се повредени во градската област Свјатошински, додека Кличко истакна дека жителите на една зграда останале под урнатините. Пожари и паѓање на метални остатоци од проектили се забележани и во други делови на Киев.

Нападнат е и Харков
Харков, вториот по големина град во Украина, исто така беше подложен на силен ракетен напад рано утринава, напиша на Телеграм градоначалникот на градот Игор Терехов. Тој рече дека се слушнале неколку експлозии во градот, кој е честа цел на руски напади.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Украинците нападнаа објект со беспилотни летала 1.000 километри длабоко во Русија

Објавено пред

Украинската војска вчера вечер соопшти дека погодила постројка за производство на беспилотни летала со долг дострел во Татарстан, оштетувајќи ја клучната монтажна линија.

dobivaj vesti na viber

Од почетокот на тригодишната војна, Русија интензивно користи Шехид, ирански автономни камикази беспилотни летала, како и други видови беспилотни летала за напади низ Украина.

Украина вчера вечер соопшти дека соборила 134 руски беспилотни летала. „Засега знаеме дека е оштетена лентата за склопување на беспилотни летала, беспилотни летала“, објави украинскиот Генералштаб на Телеграм, додавајќи дека капацитетот на оштетениот објект е 300 дронови дневно.

Локалните власти во Елабуга известија за еден соборен дрон, а Маш, канал Телеграм близок до руските безбедносни служби, објави дека најмалку четири дронови биле соборени во близина на фабрика во тој град.

Украинските сили задолжени за беспилотни летала и други единици извеле експлозии во близина на фабриката, на 1.054 километри од украинската граница, соопшти украинскиот Генералштаб.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Испитувањето на оштетените од пожарот во „Пулс“ треба да почне на почетокот на мај

Испитувањето на оштетените од пожарот во „Пулс“ во Кочани се предвидува да почне од почетокот на мај. Од Обвинителството појаснија...

Топ3 часа

Пукање на Бит-пазар, во вооружена престрелка повредено едно лице

Едно лице е повредено во вооружена престрелка што се случи околу 14 часот на улицата Војдан Чернодрински на Бит-пазар, потврдија од...

Македонија4 часа

Крајно време е да престанеме да преговараме за идентитетските прашања со кого било, рече Муцунски

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски рече дека Владата се стреми кон компромис, кој ќе биде рационален за да се...

Економија4 часа

Итно зголемување на платите, во спротивно ќе останеме без кадар, порача Пешевски

Според потпретседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија за приватниот сектор, Иван Пешевски, приватниот сектор во Македонија е главен двигател...

Македонија5 часа

Судот ѝ го одзеде пасошот на претседателката на антикорупциската комисија, која споделувала службени тајни на „Вибер“

На претседателката на антикорупциската комисија, Татјана Димитровска, одземен ѝ e пасошот откога Кривичниот суд го прифати предлогот за определување мерки за...

Македонија5 часа

Девет лица завршија во притвор поради злоупотреби со инвалидските пензии и за туѓа нега

На деветмина осомничени од уапсените 23 во акцијата за туѓата нега судот им одреди мерка притвор од 30 дена. Едно...

Македонија7 часа

Судот го одобри обвинението за возачот што ја прегази Фросина

Судот го одобри обвинението за возачот Васил Јованов, која ја прегази Фросина Кулакова на пешачки премин на булеварот Партизански одреди....

Македонија8 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Тошковски не скри нешто, не рече дека законот не важи за татко му

Апасиев е фрустриран од работата на Тошковски бидејќи законот важи за сите. Левицата да одговори како, освен сутерен во строгиот...

Македонија9 часа

ДУИ до Мицкоски: Ако целта е уривање на Охридскиот договор, која е алтернативата

Премиерот Мицкоски, со своето однесување, изјави и постапки, постапува на начин кој ги поткопува стандардите и одговорноста што се очекуваат...

Свет9 часа

Рубио: Ова не е наша војна, ние не ја почнавме

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека „сите треба да му се заблагодарат“ на американскиот претседател Доналд Трамп за мировните...

Македонија9 часа

Левицата: И таткото на Тошковски бил дел од бизнисот со мито за инвалидски пензии

Додека се обидува да изгради слика дека го руши корумпираниот систем, фактите кои се обзнануваат во јавност укажуваат како и...

Свет10 часа

Лавров: Спремни сме да се договориме со САД за Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Кремљ е подготвен да постигне договор со САД за Украина, но...

Свет11 часа

Руте: Русија е долгорочна закана за алијансата

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, вчера, по разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека членовите се согласуваат дека...

Спорт19 часа

(Видео) Ѓоковиќ ги загуби нервите: Да ти е..м тенисот

Новак Ѓоковиќ целосно ги загуби нервите на официјалниот тренинг во Мадрид. Додека во главниот град на Шпанија се одржуваа натпреварите...

Македонија22 часа

Осомничени уште три лица во предметот „Адитив“: меѓу нив и претседателката на Антикорупциска

Во рамките на постапката што се води за предметот Адитив, како резултат на екстрахираните електронски докази обезбедени во досегашната постапка,...

Македонија23 часа

Образ ѓон, се уште седат и земаат илјадници евра плата: Мицкоски за членовите на Судскиот совет

„Вие пратениците изгласавте недоверба на членовите на Судскиот совет. Но, и покрај тоа што тие ја добија недовербата од страна...

Македонија1 ден

Измами во давањето туѓа нега и инвалидски пензии, под истрага 49 лица, вмешани и лекари

Сузбиени две криминални групи, кои вршеле злоупотреби на постапката за стекнување право за туѓа нега и право на инвалидски пензии,...

Македонија1 ден

Битола, Струга, Чаир се меѓу општините кои не аплицирале за проекти, рокот истекува за помалку од една недела

Седумнаесет општини воопшто не аплицирале за инфраструктурни општински проекти, за што Владата доделува средства од унгарскиот кредит. Во оваа група...

Македонија1 ден

(Видео) Трајчулески до Мицкоски: Дали се разводнува истрагата за Кочани за да се заштитат актуелни функционери?

Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до премиерот Христијан Мицкоски, кое...

Македонија1 ден

Таравари го поддржа апсењето лекари: Директорот на Геријатрија првин го разрешив, а потоа го исклучив од партијата, сите што грешат нека одговараат

Сите што грешеле, вклучително и лекарите, треба да одговараат, смета министерот за здравство Арбен Таравари по вчерашната полициска акција, која...