Македонија
Независните до Милошоски: Ослободете го ВМРО-ДПМНЕ и напуштете ја партијата

Би сакала да ја потсетам јавноста, дека СЈО го избравте токму вие и овде славевте и скокавте. Вие баравте бомбите да бидат само индиции. Уште во март ова го баравте, цела година преговарате, рече пратеничката Нола Исмајлоска-Старова, обраќајќи му се на пратеникот Милошоски.
Милошоски претходно порача дека пратениците под уцени и закани гласале за уставните промени, а истото власта го правела и сега со носењето на законот за ЈО.
„Кога гласаа за промена на уставот им се закануваа со затвори по 15 години, ги носеа како компири, ги уценуваа, ги плашеа. Доаѓаа со жилави раце од лисици за да гласаат во оваа Собрание. Нека е честита коалицијата на СДСМ и Крсто Мукоски“, рече Милошоски.
Пратеничката Александрова, пак, го обвини Милошоски дека ја уништиле партијата и дека оваа битка за да не се донесе законот за ЈО ја воделе преку партијата со намера да не излезат пред лицето на правдата.
„Со кое право вие ја уништувате партијата, колега Милошоски слушнавме во бомбите дека вие сте тој што ужива привилегии. Заради вас, луѓето заминаа во затвор. Милошоски напуштете ја партијата, ја уништивте, ослободете ја. Ја претворивте партијата во битка за вашите лични интереси“, рече Александрова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода делови од Центар и Аеродром

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Питу Гули бб, општина Центар (во близина на Тинекс), прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Питу Гули, дел од Загребска, Ганчо Хаџипанзов, Капештец, Димитар Пандилов, Караорман, висока зона Козле и Ловќенска-крак 1,3,5 и 7.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, во општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на дел од село Долно Лисиче.(општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на објектите спроти Ист Гејт населба Крњево.(општина Центар)
· во периодот од 08.10 до 12.00 часот, корисниците од улица Божидар Рајковиќ, дел од ул. Горноврановска и дел од улицата Горно Лисиче (општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 16.00 часот, корисниците на улиците Ибе Паликуќа, Воин Драшкоци, Веле Марков (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Претежно облачно со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде во пораст.