Македонија
Ласовска: Хибридниот режим на Заев ја разреши Мизрахи зошто таа го откри криминалот во МТСП

Лицемерието на хибридниот режим на Зоран Заев целосно се разобличи со разрешувањето на министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, која не го прекрши ниту законот, ниту Уставот. Напротив, ја разрешија затоа што го откри и не молчеше за криминалот кој бил правен претходно во министерството, неодговорното работење и неспособноста на кадрите на СДСМ, рече Благица Ласовска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Дека се работи за хипокризија покажува и фактот што и самиот Оливер Спасовски при образложувањето на разрешувањето користеше термин Македонија, а тоа го направи и на митинзи и јавни настапи претходно.
Дури и Никола Димитров, човекот кој хистерично бараше разрешување на Рашела Мизрахи за употреба на терминот Македонија, деновиве пушти оглас за вработување во Министерството за надворешни работи во кој меѓу другото се бара кандидатот да биде државјанин на Република Македонија. Според истата логика на СДСМ, Оливер Спасовски требаше да побара разрешување и на Никола Димитров и на самиот себе, исто како што бараше и за Мизрахи.
Дури и штетниот договор од Преспа предвидува рок за внатрешна употреба на придавката пред името Македонија. Затоа и државните институции сеуште го немаат променето името во Централниот регистар или Управата за јавни приходи. Така на пример на официјалната веб страна на Управата за јавни приходи, во делот каде може да се пребаруваат сите даночни обврзници во Република Македонија, се уште има државни институции, министерства, агенции, комисии кои се заведени и чие име е Република Македонија. Тоа се:
– Влада на Република Македонија – Секретаријат за информации Скопје
– Министерство за надворешни работи на Република Македонија
– Агенција за енергетика на Република Македонија
– Агенција за храна и ветеринарстов на Република Македонија
– Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија и други
Ниту овие институции не направиле никакво прекршување, но, ќе повторам, по истата логика на Спасовски, Заев и СДСМ дузина министри и директори кои раководат со овие ресори требаше да бидат разрешени во ист ден , па и порано, како што направија со Рашела Мизрахи.
Станува очигледно дека таблата која СДСМ ја скандализираше и барањето за разрешување на Мизрахи е само обид за дефокусирање на јавноста во ситуација кога Заев и неговата екипа се фатени во криминали, корупција, рекети, сомнителни тендери и слично. СДСМ за да се спасат од одговорноста се подготвени дури и да го прекршуваат и сопствениот договор во корист на Грција. Јавноста гледа и суди. Народот ќе ги казни на 12 април заради лицемерието, погазувањето на достоинството на народот и државата, но и за целиот криминал и корупција кои ги направија во овие три години“ порача Ласовска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Меѓусебната заштита на Коцевски со СДС и ДУИ е причина за 2% доверба во судството

СДС ги штитат корумпираните обвинители и судии бидејќи им овозможуваат закрила на нивните функционери, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Клиентелизмот на Коцевски е гаранција за заштита и неказнивост на функционерите од СДС и ДУИ.
Поддршката што Коцевски ја доби од Филипче е меѓусебна заштита која ја гуши правдата во државата. Бидејќи доколку падне Коцевски, ќе се отворат врати за истраги како против Филипче така и за останатите функционери од СДС и ДУИ.
СДС со негласањето на интерпелацијата целосно се разголи, и на виделина пред јавноста излезе спрегата помеѓу СДС, ДУИ и Коцевски.
Очигледно е дека СДС и ДУИ стојат зад заштитата на Коцевски, кој за возврат не презема ништо за наводните злоупотреби и сомнежи за висоока корупција како и сомнителни тендери поврзани со Филипче, Заев и Ахмети.
Со одбивањето да ја поддржат интерпелацијата, СДС и ДУИ јасно покажаа кој го поставал Коцевски и кој го одржува на функцијата, јавниот обвинител Коцевски.
Се додека Коцевски е на позицијата, довербата во правосудството ќе биде помала од 2%, а одговорност за криминалите поврзани со СДС и ДУИ нема да има.
Доколку постои грам морална одговорност кај Коцевски, треба да ја препознае пораката од јавноста и да си поднесе оставка.
На Македонија и се неопходни темелни реформи во судството, правосудство растеретено од политички влијанија каде судиите и обвинителите ќе носат одлука врз основа на законите и Уставот а не под влијание на партиските интереси на СДС и ДУИ.
Во Македонија неопходно е правдата да завладее, неопходни се коренити реформи и трансформација на судскиот систем“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Времето денеска сончево со мала до умерена облачност, попладне локален пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.
Попладне ќе има изолиран развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи.
Минималните температури ќе се движат од 12 до 20, а максималните од 26 до 36 степени целзиусови.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде 17, а максималната дневна ќе достигне 36 степени.
Македонија
Бендевска: Да го продолжиме заветот од Илинден и пораката од АСНОМ

По повод 2 Август – Денот на Републиката, во име на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, потпретседателката на Собранието на Република Северна Македонија, Весна Бендевска, заедно со собраниска делегација во состав: Бране Петрушевски, Никола Коњановски, Даниела Николова и Даниел Стојчевски, одбележа 81 година од Првото заседание на АСНОМ, во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.
„На хероите на двата Илиндена кои се жртвуваа за денес да можеме да бидеме свои на своето, да им ветиме уште еднаш дека денешните генерации нема да го заборават заветот што ни го оставија. Да ги насочиме нашите погледи, стремежи и напори од заедничкото минато, кон заедничката сегашност и иднина. Да го продолжиме заветот од Илинден и пораката од АСНОМ“ – порача потпретседателката Бендевска.