Црна хроника
Царината заплени 1 килограм хероин, 15.600 долари и 27.700 евра

Царинските службеници во петок спречија обид за нелегално внесување на 1 килограм хероин и изнесување на 15.600 американски долари на граничниот премин „Богородица“ и уште 24.700 евра на „Табановце“.
Вчераутро, околу 05:30 часот, за влез во Република Македонија на граничниот премин Богородица се пријавил турски автобус кој сообраќал на редовна линија Истанбул – Гостивар. При редовна контрола на автобусот, царинските службеници селектирале еден од патниците, албански државјанин со иницијали Ф.П.
Притоа, под блузата замотани со појас околу половината, во две пакетчиња облепени со самолеплива трака, во текстилен материјал (крпа), алуминиумска фолија и најлонска кеса, царинските службеници пронашле непозната прашкаста материја со кафеава боја со вкупна тежина од околу 1071 грам.
Покрај ова информираме и за уште два откриени случаи на обиди за нелегален пренос на девизи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нелегално поседувал воздушна пушка: пријава против маж во Охридско

Вчера при претрес во домот на С.Т.(32) од охридското село Лескоец, извршен со судска наредба, полициските службеници од СВР Охрид пронашле и одзеле воздушна пушка „Славија“ калибар 4,5 милиметри, која нелегално ја поседувал.
Според полицијата, по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Пијан возач удрил во паркирано возило во Кичево

Утрово во 00:35 часот на улица „Јанко Михајлоски“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода М.Ц.(42) од Кичево.
Претходно, тој, управувајќи патничко возило „рено“ без регистарски таблички, удрил во паркирано возило „мицубиши“ со скопски регистарски ознаки.
При преземање мерки во врска со настанот, извршено е алкотестирање, при што полициските службеници констатирале дека го управувал возилото по дејство на алкохол, односно измерени му се 1,72 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти полицијата.
Црна хроника
Турчин уапсен на Табановце: кај него пронајдена марихуана и дробилка

Вчера во 18:15 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода 27-годишнниот А.Х. од Република Турција.
При гранични проверки, односно преглед кај него и контрола на возилото во кое бил сопатник, кај него се пронајдени марихуана и дробилка.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.