Македонија
Јовановски двапати бил во куќата на Јанева – снимки од тајното следење пуштени на судењето за „Рекет“
Од посебните истражни мерки што биле спроведувани од 21 јуни 2019 година кон обвинетиот Бојан Јовановски и осудениот Зоран Милески се гледа како Бојан Јовановски одел кај Катица Јанева, во куќата од каде што ја уапсија. Зоран Милески, пак, патувал за Охрид, а по пат подавал кеса на женско лице, презентира обвинителката Вилма Русковска на денешното судење за „Рекет“.
Во другите снимки направени со ПИ-мерки се гледа дека Јовановски се среќавал со Лила Филиповска, неговите родители, Анета Кочишки, но и непознати лица. Јовановски и Милески одат во разни локали и хотели, како и седишта на фирми. Првпат од спроведувањето на мерките, Јовановски во куќата, каде што престојувала Катица Јанева, бил на 1 јули 2019, а седум дена подоцна повторно ја посетил.
Кога обвинителката Вилма Русковска ја кажа адресата каде што бил Јовановски, потенцира дека таму престојувала Јанева, а на ова во судницата се смееше ексспецијалната обвинителка и почна да зборува со адвокатите по што судијката ја опомена.
Русковска презентира и снимка од ПИ-мерките на кои се гледа како возилото со кое се превезува осудениот Зоран Милески се паркира кај Владата на улицата Ристо Шишков. Потоа, Милески влегол во објект, сопственот на Владата на РМ, презентира Русковска. Ова се случило на 3 јули.
Јовановски, пак, гласно се смееше во судницата за време на презентирањето на ПИ-мерките, а судијката Васка Николовска-Масевска го праша дали сака да излезе надвор за да се смири, а тој одби.
Рочиштето продолжува по кратка пауза.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

