Свет
Врховниот суд одлучи: Жените во Индија може да станат воени команданти

Врховниот суд во Индија пресуди дека жените може да служат како воени команданти отфрлајќи го ставот на владата дека мажите војници не се подготвени да прифатат наредби од женски офицери бидејќи тоа ги вознемирува.
Судот исто така ѝ нареди на владата во Њу Делхи да ја продолжи постојаната служба, која досега се однесувала само на мажите на сите жени офицери, што сигнализира промена нa родовата еднаквост во традиционално машкиот бастион, пренесува „Ројтерс“.
Со тоа жените ќе добијат исти можности и корист како и нивните машки колеги, вклучително и чинови, промоции и пензии.
Моменатно жените може да работат до 14 години, а трајно вработување им е дозволено само во правните и образовните сегменти на војската.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Се урна станбен блок во Индија

Четири лица загинаа, а уште 10 се водат за исчезнати откако денеска се урна повеќекатен станбен блок во близина на Њу Делхи, јавија индиските медиуми повикувајќи се на полицијата.
Според извештаите, спасени се 14 лица. Блокот се урнал во Мустафабад во североисточниот дел на државата Делхи. Ограничените услови ја попречуваат спасувачката работа, изјави портпаролот на Националните сили за одговор при катастрофи.
Причината за уривањето се уште не е позната. Локалните медиуми јавуваат дека неодамна биле извршени градежни работи во приземјето на зградата.
Главниот министер на Делхи, Река Гупта нареди истрага за инцидентот.
Свет
Во сообраќајка загина поранешен хрватски фудбалски репрезентативец и играч на фудбалскиот клуб Динамо

Во тешка сообраќајна несреќа, што се случи во Карловац, загинаа 2 лица, меѓу кои и поранешниот хрватски фудбалски репрезентативец и играч на фудбалскиот клуб Динамо, Никола Покривач, јавуваат хрватските медиуми.
Полицијата во краткото соопштение наведува дека несреќата се случила на обиколницата Турањ и дека во неа учествувале 4 патнички возила.
Три лица се пренесени на лекување во медицинска установа.
Свет
Русија и Украина денеска треба да разменат затвореници

Русија и Украина денеска треба да разменат затвореници, а посредник во договорот повторно се Обединетите Арапски Емирати, соопштил извор запознаен со преговорите.
Ќе бидат разменети вкупно 492 војници – 246 од двете страни, како и уште 46 ранети украински војници.
За време на војната Русија и Украина со посредство на ОАЕ веќе разменија вкупно 3.233 воени заробеници