Македонија
Јанева пред апсењето одела во СЈО, салони за убавина и адвокатски канцеларии
Во кривичниот суд на судењето за случајот „Рекет“ беше презентиран извештајот за тоа каде се се движела ексшефицата на СЈО Катица Јанева до денот на нејзиното апсење. ПИ-мерките кои биле спроведувани од 13 август 2019 година покажуваат дека таа наутро одела во СЈО, застанувала во салони за убавина, пазарувала во зарзаватчилници, одела и до адвокатски канцеларии и се гледала со својот син Лазар Јанев.
На 17 август Јанева со возило „шкода” и непознато женско лице биле во фризерски салон, а подоцна, како совозач, Јанева во „ауди А6” отишла кон населбата Ѓорче Петров со синот Лазар Јанев. Тие седнале пред зграда, а потоа со истото возило отишле на ул. „Јурин Гагарин“ каде повторно застанале и разговарале. Наредниот ден таа повторно со синот влегле во зграда на која имало натпис „Адвокатска канцеларија Поленак”.
На 19 август 2019 година Јанева повторно била со синот, овој пат во ресторанот „Ден и ноќ”. Од снимките се гледа како таа седи со две лица, машко и женско.
Таа била следена и наредниот ден, кога дошла да даде исказ во Обвинителството. Истиот ден била во ресторанот „Казабланка” со уште едно непознато женско лице. Од таму, Јанева била превезена до дома. На 21 август лани Јанева била забележана пред куќата во Козле, како контактира со нејзиниот возач. Ова е денот кога таа беше уапсена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

