Контакт

Вести

Бројот на жители на Филипини се зголеми на 100 милиони

Објавено пред

Бројот на жителите на Филипини се зголемил на 100 милиони, потврди во неделата Фондот на Обединетите нации – UNFPA.

dobivaj vesti na viber

Од споменатата агенција на светската организација, исто така, истакнуваат дека овој податок претставува можност за преземање напори со цел да се овозможат подобри здравствени услуги во областа на репродуктивното здравје, како и за поголеми вложувања во образованието и во здравството, за да се искорени сиромаштијата во оваа земја.

„Постои потреба да се одговори на правата и потребите на младите луѓе, така што ќе им се даде можност за образование, можност за вработување и некои животни вештини, меѓу кои се и соодветните информации за нивната сексуалност“, изјави Клаус Бек, претставник на фондот UNFPA за Филипини.

Претходно во саботата во очекување на раѓањето на 100-милионитиот жител, Абигејл Валте, од службата за односи со јавноста на филипинскиот претседател претседателската, за локалните медиуми изјави дека и покрај постојаниот раст на населението на Филипини „важното е што мора да ги прилагодиме програмите да им се помогне на пет четвртини од населението да може да излезе од оваа демографија“. Додаде дека најголемиот дел од владините програми, кои вклучуваат парични субвенции и општа здравствена заштита се насочени кон најсиромашните слоеви од населението.

Се проценува дека 54 отсто од филипинското население го сочинуваат лица помлади од 25 години.

Напорите за контрола на стапката на растот на населението, еден од најбрзите во Азија, се постојано попречувани од противниците на контролата на раѓањето. Во април годинава Врховниот суд на Филипини го поддржа законот кој и’ овозможува на владата на сиромашните да им дава контрацепција, по жестоката долга расправа којашто траеше со децении и противењето на бројната и влијателна Римокатоличка црква.

Инаку 100-милионитиот жител на Филипини, е здраво женско бебе тешко 2,8 килограми, роденово болница во престолнината Манила, во неделата во 12.35 часот по локално време. Претходно властите објавија дека раѓањето на „јубилејниот“ жител го очекуваат точно во 12 часот и 6 минути во неделата, базирајќи се на процената дека на Филипини се раѓаат три бебиња секоја минута. /крај/мф/сн

Извор: PNA

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија38 минути

Повеќето од починатите, загинале во стампедото во дискотеката, кажа директорка на општата болница во Кочани

Кристина Серафимова директорка на општата болница во Кочани изјави дека првиот повик бил во 2 часот и 48 минути на...

Македонија1 час

Двајца пациенти се на респиратор, а уште двајца може да завршат на респиратор во „Св. Наум Охридски“, некои се со 60 отсто изгореници

Двајца од хоспитализираните 29 лица во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ по пожарот во дискотека во Кочани се...

Македонија2 часа

Тошковски: 59 загинати, 155 повредени во пожарот во дискотека во Кочани

59 лица загинаа во големиот пожар што утрово се случи во дискотека во Кочани. Повредени се 155 лица, изјави пред...

Македонија2 часа

(Видео) Благојчо Георгиев од Кочани: Кој даде дозвола таа шупата таму да работи, дискотека да се нарекува

Благојчо Георгиев од здружението „Хендикеп“ во видео-снимка објавена на социјалните мрежи кажа дека изолацијата во дискотеката во Кочани била направена...

Македонија3 часа

(Видео) Пред болницата Св. Наум Охридски се читаат имиња на повредените и ги пуштаат родителите да ги видат во групи од по неколкумина

Во моментов пред болницата Св. Наум Охридски се читаат имиња на повредените и ги пуштаат родителите да ги видат во...

Македонија3 часа

Во моментот 118 лица се згрижени низ болниците во државата, вели Таравари

Министерот за здравство Арбен Тараври кажа дека повредени од пожарот во дискотеката во Кочани се згрижени низ државните болници и...

Македонија3 часа

Истрагата за пожарот во кочанската дискотека е почната од 5 обвинители

Државниот обвинител Љупчо Коцевски утринава по состанокот со колегите од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кочани и со министерот за внатрешни...

Македонија3 часа

Министерството за здравство објави телефонски броеви за информации за состојба на пациентите, 152 лица се хоспитализирани

Министерството за здравство изразува солидарност и поддршка во овие тешки моменти. Веднаш по несреќата, здравствениот систем беше целосно мобилизиран, а...

Македонија3 часа

Црвениот крст отвори сметки за донации

Црвениот крст со сите свои расположливи капацитети, во соработка со државните институции дава придонес во обезбедување на потребната поддршка за...

Македонија4 часа

Објавени списоци на пренесените повредени во скопските болници

Објавен е список на пренесени повредени лица од дискотеката во Кочани во скопските болници. Список од „8 Септеври“: Список од...

Македонија5 часа

Мицкоски: Владата е целосно мобилизирана, ги повикувам сите надлежни институции да преземат итни мерки за помош на повредените

Премиерот Мицкоски се огласи на социјалните мрежи по големата трагедија во Кочани. „Со длабока тага ја примив веста за страшната...

Македонија5 часа

Тошковски: Најмалку 51 лице загина во пожарот во кочанската дискотека, има приведени

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, соопшти детали за страшната трагедија во Кочани. Тошковски кажа дека бројката на загинати изнеснува...

Македонија5 часа

Филков: Ова не е само трагедија – ова е аларм што бара одговорност!

Министерот за правда Игор Филков изрази сочувство за десетиците млади животи кои загинаа во пожар во дискотека во Кочани и...

Македонија6 часа

(Фото+видео) На социјалните мрежи се бараат информации за лица кои биле во дискотеката во Кочани

Роднини и пријатели преку социјалните мрежи ги бараат своите блиски кои вчера биле на концертот во кочанската дискотека која се...

Топ6 часа

Најмалку 50 загинати во пожар во дискотека во Кочани

Најмалку 50 лица се загинати во дискотека во Кочани во која ноќеска избувнал пожар за време на концерт на позната...

Македонија22 часа

(Фото) Спасени се двете лица на кои им се преврте чамецот во Мавровското езеро

Спасени се двете лица на кои денеска попладне им се преврте чамецот во водите на Мавровското Езеро, информираат од Центарот...

Македонија23 часа

Мицкоски за големиот протест во Србија: Ја следиме состојбата и не се мешаме во внатрешни работи на други земји

Нормално е да ја следиме состојбата во Србија. Неодговорно би било да не ја следиме состојбата со нашите соседи и...

Македонија24 часа

Над 160 веб-страници за нелегално коцкање ќе бидат забранети, најави Андоновски

Измените на Законот за електронски комуникации поминаа изминатата недела, потребни се седум дена да стапат на сила и да се...

Македонија1 ден

(Видео) Петрушевски: Народот на минималец, а Трендафилов синдикалецот на батерии од СДС и Левица со плата од 75.000 денари

Работниците се револтирани, затоа што додека ги манипулира Слободан Трендафилов, тој и луѓето околу него имаат месечни примања од над...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Мицкоски не сака реформи, туку судство по своја мерка

Заканите на премиерот дека ќе му се случел народ на судството е порака дека тој признава само судство по своја...