Спорт
Рејсинг поинт останува со розов болид и во 2020

Рејсинг поинт беа последниот Ф1 тим кој го презентираше својот нов болид за 2020, покажувајќи го РП20 болидот на специјална промоција во Мондзе, Австрија.
Причината поради која промоцијата се случува во Австрија е нивниот главен спонзор „БВТ“ и ова е последен пат тимот да го носи името пред во 2021 година да биде преименуван во Астон Мартин Ф1.
По отстранувањето на сината боја од претходниот спонзор „Спорт Песа“, болидот сега е целосно розов, а тимот има ново официјално име „БВТ Рејсинг поинт формула 1“.
„Од 2017 година градиме успешно партнерство со ’БВТ’ и четвртата година тие ќе бидат наш главен спонзор. Целта останува да се освои четвртото место и да се биде што е можно поблиску до врвните тимови“, вели шефот на тимот, Отмар Шафнауер.
Откако сите болиди за 2020 беа претставени, следен чекор е тестирањето пред стартот на сезоната, кое започнува во среда на 19 февруари во Барселона.
Racing Point ? BWT
We're delighted to expand our relationship with @BWTUKLtd and become BWT Racing Point F1 Team for the 2020 season! ??
FULL STORY ?https://t.co/YXrbLbuAF9
— BWT Racing Point F1 Team (@RacingPointF1) February 17, 2020
New year, new sponsor, new look! @RacingPointF1's 2020 car officially breaks cover ?#F1https://t.co/q9JigeLHaV
— Formula 1 (@F1) February 17, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Бејли од Астон Вила во Рома

Репрезентативецот на Јамајка, Лион Бејли ќе ја помине следната сезона во Рома како позајмен играч од Астон Вила. Клубот од Рим соопшти дека има право да го откупи неговиот договор по завршувањето на сезоната.
Бејли играше за Генк и Баер Леверкузен пред да и се приклучи на Астон Вила во 2021 година. Минатата сезона, 28-годишникот одигра 38 натпревари и постигна два гола за Вила.
Бејли, кој одигра 39 натпревари за јамајканската репрезентација и постигна седум гола, ќе го носи дресот со број 31 во Рома.
Првиот натпревар на Рома во Серија А е закажан за сабота во 20:45 часот, кога ќе ја пречека Болоња на Олимпискиот стадион во Рим.
Foto/ AS Roma
Спорт
Фабио го сруши рекордот на Питер Шилтон

Голманот на Флуминензе, Фабио, го сруши рекордот на Англичанецот Питер Шилтон според бројот на одиграни натпревари во професионалниот фудбал
Фабио (44), синоќа го одигра 1.391 натпревар во кариерата.
Тој бранеше за Флуминензе против колумбискиот клуб Америка де Кали (2:0) во реваншот од осминафиналето на Копа Судамерикана.
Бразилскиот голман го сруши рекордот на Шилтон, кој, според Гинисовата книга на рекорди, бранел во 1.390 натпревари.
Кариерата на Шилтон (75) траеше од 1966 до 1997 година.
Фабио дебитираше во 1997 година за Униао Бандеиранте. Потоа бранеше за Атлетико Паранаенсе, Васко де Гама, Крузеиро, а од 2022 година е член на Флуминенсе.
„Големо е задоволството да се постигне овој рекорд во дресот на Флуминенсе. Сега е време да се продолжи со играње и да се стремиме кон нови достигнувања во следните натпревари“, рече Фабио.
Muitas e muitas homenagens ao ser humano que mais disputou partidas de futebol na história da humanidade.
📸: Marcelo Gonçalves/FFC pic.twitter.com/y2YIeOT3ui
— Fluminense F.C. (@FluminenseFC) August 20, 2025
Спорт
Галатасарај преговара за трансферите на Едерсон и Аканџи

Галатасарај сериозно работи во преодниот рок. Откако клубот успеа да го откупи договорт на Виктор Осимен, се насочи кон зајкнување на останатите линии. Турскиот првак им „фрли око“ на двајца играчи на Манчестер сити.
Галатасарај до крајот на преодниот рок сака да ги ангажира голманот Едерсон и дефанзивецот Мануел Аканџи.
Голманот Едерсон постигнал договор со Галтасарај, чека клубовите да се договорат околу обесштетувањето за да може да го потпише договорот. Првата понуда на Галтасарај е 10 милиони ера, Сити бара повеќе.
Ситуацијата со Аканџи е малку поинаква. Манчестер сити, навдно, нема да му прави проблем доколку тој изрази желба да го напушти клубот. Германскиот новинар, Флоријан Плетенбург тврди дека преговорите се во тек.
Договорот на Аканџи со Манчестер сити истекува на 30 јуни 2027 година.
Фото/ Принтскрин