Македонија
(Видео) Сè уште неизвесно што ќе се случува со земјиштето кај „Треска”

Иднината на земјиштето кај „Треска” и понатаму е заглавена во административни лавиринти. Советниците на Советот на Општина Центар на денешната седница водеа расправа околу административните детали за водењето на седницата, а не за деталниот урбанистички план наречен „Буњаковец 2”, во чиј дел е земјиштето кај „Треска”.
Градоначалникот Саша Богдановиќ предложил вонредна седница, но Јана Белчева, која е претседателка на Советот, не го прифатила неговото барање и сакаше да го отвори продолжението на 41. седница.
Советникот Ѓошо Вангелов бараше предлогот на градоначалникот за вонредна седница да се усвои, бидејќи во спротивно, според него, ќе се создадел административен хаос.
„Да не ги зафркаваме граѓаните, да почнеме вонредна седница”, рече советникот Јон Фрчкоски, кој исто така го поддржа предлогот на градоначалникот.
Советникот Томислав Лазаров расправата ја нарече беспредметна. Советникот Вангелов ја напушти салата за седници и ги повика и останатите советници да излезат на пауза, а тие веднаш го послушаа.
Во салата за седници присуствуваа околу дваесетина граѓани од општината кои со часови трпеливо чекаа да започне седницата.
Искра Манојлоска
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Гужва на границите, на Табановце и Богородица се чека по 20-тина минути

Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен.
Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце” времето на чекање за влез и излез е околу 20 минути, за. На ГП „Богородица” времето на чекање за излез знесува околу 20 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата, информира АМСМ.
Поради пожар во националниот Парк Јасен, пак, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Маџирмаало 11, општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Дел од Зелениково денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од село Зелениково, општина Зелениково.