Регион
Советот на Европа ја критикува Подгорица за преносот на црковното сопствеништво
Советот на Европа објави нацрт на постмониторинг извештајот за Црна Гора во кој значаен дел му е посветен на Законот за слобода на вероисповедта со акцент на тоа дека властите во Подгорица ја уверувале Венецијанскатакомисија дека преносот на имотите нема да влијае на употребата на имотите што ги користи верската заедница, туку дека овие одредби ќе се однесуваат само на културното наследство, пренесува „Спутник“.
Од СЕ истакнуваат дека не добиле јасно објаснување на концептот „културно наследство“ што властите го користеле за да го оправдааат можното враќање на имотот од Српската православна црква.
„Колку далеку оди овој концепт зашто не е сигурно дали секоја црква или секој манастир, самите по себе, може да бидат квалификувани како културно наследство. Досега не добивме одговор. Исто така, не сфаќаме зошто е потребен преносс на сопствеништвото ако преносот во принцип не влијае на користењето на имотите од страна на верските заедници, како што црногорските власти ја увераваа Венецијанската комисија”, се истакнува во документот.
Главната препорака од СЕ, во чиј извештај имале увид „Вијести“, е дека нема да биде завршен пост-мониторинг дијалогот поради многу ограничениот напредок во клучните области како што се правосудството, борбата против корупцијата, довербата во изборниот процес и медиумите.
Коизвестувачите на СЕ заклучуваат дека се чини оти во тие области Црна Гора до достигнала т.н. „стаклен плафон“ и дека е време да покаже дека постои политичка волја за пробивање на тој плафон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Кси слета во Србија: Претседателот на Кина пречекан од Вучиќ и државниот врв
Заедно со претседателот на Србија Александар Вучиќ и првата дама, кинескиот претседател Кси Џинпинг беше пречекан на црвениот тепих од српската делегација составена од премиерот Милош Вучевиќ, претседателката на Собранието Ана Брнабиќ, министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ, српската амбасадорка во Кина Маја Стефановиќ и кинескиот амбасадор во Белград Ли Минг со сопругата.
Свечениот пречек на кинеската делегација која брои 400 лица е закажан за в среда пред палатата „Србија“.
Домаќин на претседателот Кси Џинпинг ќе биде српскиот претседател Александар Вучиќ, а двајцата лидери ќе разговараат за широк спектар на теми – од политички, економски и технолошки до соработка во областа на културата.
За време на дводневната посета на Кси Џинпинг на Србија, планирано е да се потпишат над 30 договори.
Беше организиран и свечен ручек на кој кинескиот претседател ќе има можност да дегустира српски јадења и вина, а ќе има и музичка програма на српски и кинески јазик, која ќе заврши со песната „Ова е Србија“.
Поради доаѓањето на кинескиот претседател преземени се големи безбедносни мерки, па неговата делегација ќе ја обезбедуваат 3.400 полицајци.
Регион
Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции
Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции, изјави министерот за одбрана Ејуп Македончи.
„Група руски хакери извршија сајбер-напад на Косово како одмазда за мојата изјава за поддршка на Украина“, изјави Македончи.
Во текстот на руските хакери се споменува говорот на тој косовски министер кој, според нив, рекол дека „Косово е подготвено да и понуди воена помош на Украина“.
„Косово е подготвено да ги здружи колективните напори за поддршка на одбраната на Украина. Треба повеќе да размислат за ова“ – напишаа хакерите на руски, спомнувајќи го министерот Македончи.
Министерката за надворешни работи и дијаспора Доника Гервала објави дека „Русија врши хибриден напад на Косово“.
Гервала на мрежата „Х“ изјави дека „рускиот хибриден напад на Косово“ доаѓа по најавата за поддршка на Косово за Украина со воена опрема.
Регион
Александар Вулин: Пријателството меѓу Србија и Кина е челик затоа што го ковавме во оган
Вицепремиерот на Србија, Александар Вулин, на промоцијата на културната размена меѓу Кина и Србија на тема „Што ги делат планините и реките, пријателството обединува“, изјави дека пријателството меѓу двете земји е челик бидејќи е ковано во оган и дека Србија и Кина се разделени за многу работи, но најважното ги обединува, а тоа е одлуката на две држави да бидат слободни.
„Пријателството на нашите лидери, претседателот Вучиќ и претседателот Си Џинпинг, не обврзува да сториме сè, исто како нив, за нашите народи да бидат поблиски отколку што нè прави блиски географијата или историјата. Србите и Кинезите ги дели сè, ние сме различни во сè, но нас нè обединува она најважното – нашата одлука да бидеме слободни, нашата посветеност на најважната карактеристика на народите и луѓето – слободата“, рече Вулин на настан организиран од China Media Group.