Скопје
Започна реконструкцијата на Милениумскиот крст на Водно

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева и директорот на Јавното сообраѓајни претпријатие Скопје, Мишо Николов во сабота присуствуваа на официјалниот почеток на градежните работи за реконструкција и адаптација на Милениумскиот крст на Водно, проект со кој ќе се зголемат содржините.
Градоначалникот на македонската престолнина истакна дека станува збор активности со коишто треба да се придонесе за поголемата атрактивност на Милениумскиот крст за посетителите, меѓу кои во последниот период сé почести се странските туристи.„Овој проект опфаќа градежни работи со што ќе се добие целосна антикорозивна заштита на челичната конструкција на Милениумскиот крст, демонтажа на постојниот и изградба на нов панорамски лифт со придружни простории и елементи, поставување електрични инсталации, опрема и агрегат, изградба на фекална канализација и санитарни јазли, како и регулирање на водоснабдувањето до Милениумскиот крст и изградба на водоводна мрежа. Милениумскиот крст е еден од најважните објекти на Водно и сметаме дека досега граѓаните не можеа да ги искористат сите придобивки. Со реализацијата на проектот за реконструкција и адаптација на Милениумскиот крст овој простор ќе биде целосно уреден и ќе понуди различни содржини за одмор и за рекреација на посетителите“, рече скопскиот градоначалникот Трајановски.Министерот за транспорт и врски Јанакиески изјави дека реализацијата на овој проект е резултат на одличната соработка меѓу Владата на Република Македонија и Град Скопје. Посочи и на неколкуте проекти кои Министерството за транспорт и врски и Владата ги имаат реализирано на планината Водно, а како најважен за идниот период ја истакна изградбата на втората делница од Жичарата на Водно, од Средно Водно до Скопје, која треба да биде готова до 2018 година. На терен на реконструкцијата и адаптацијата на Милениумскиот крст ќе работат екипите на градежната компанија „Турбо инженеринг“, за реализацијата на овој проект ќе бидат вложени околу 70 милиони денари, а градежните работи треба да завршат за девет месеци.Додека траат градежните работи за реконструкција на Милениумскиот крст просторот околу крстот ќе се огради, а жичницата до врвот на Водно ќе работи непречено./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Општина Карпош: Ќе биде казнет секој локал што има поставено дополнителни маси и столови од тоа што им е исцртано во елаборатот

Општина Карпош известува дека во наредниот период ќе се вршат засилени контроли од страна на сектор Инспекторат во попладневните и вечерните часови на урбаната опрема на територија на Општината.
„Ве опоменуваме дека секој локал кој ќе има поставено дополнителни маси и столици од тоа што им е исцртано во елаборатот за урбана опрема, ќе бидат веднаш казнети и ќе биде поведена постапка за отстранување на урбаната опрема како и времена забрана за поставување на истата“, велат од Општината.
Македонија
Без вода дел од Аеродром

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект Ф-300мм на улицата Владимир Комаров 13 во населба Аеродром, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Пензионерски Дом, Кипер Маркет и една зграда на истата улица, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 23:55 часот до санирање на дефектот.
Дефектот ќе се работи на 17.07.2025 од 09:00 часот.
Македонија
Делови од Гази Баба, Карпош, Кисела Вода и Аеродром без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 06.30 до 12.30 часот, корисниците од булеварот Киро Глигоров, општина Гази Баба;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Козле од бр.143 до бр. 157, општина Карпош;
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од улица Бистра, од улица Живко Фирфов до улица Гутенбергова, општина Кисела Вода;
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисницитеод улица Гутенбергова, од улица Бистра до улица Волтерова, општина Кисела Вода;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од улица Иван Цанкар (парни броеви), улица Франце Прешерн (непарни броеви) и улица Вангел Дину, општина Карпош;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улица Бриселска, општина Карпош;
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улица Ѓорѓи Капчев, општина Аеродром.