Црна хроника
Обезбедувачите ќе можат да користат оружје и дресирани кучиња
Обврските и овластувањата на вработените во приватното обезбедување ќе се уредат со нов Закон за агенции за обезбедување, којшто го предлага Министерството за внатрешни работи и наскоро треба да влезе во собраниска процедура.
Доколку биде усвоен овој Закон, обезбедувачите ќе можат да вршат проверка на идентитет, предупредување, забрана на влез и неовластено снимање, задржување, преглед на лица, предмети, возила и багаж.
Предлог законот им овозможува и да употребуваат средства за присила, физичка сила, гумена палка, средства за врзување на лица, хемиски средства-спреј, огнено оружје и дресирано куче.
„Една од целите кои треба да се остварат со овој Предлог е и ограничување, како на поседувањето, така и на употребата на огненото оружје од страна на правните лица кои вршат приватно обезбедување. Во таа смисла, Предлогот предвидува ограничување за правните лица кои вршат приватно обезбедување во поглед на количината на оружје која може да ја поседуваат“ изјави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
Предлогот се базира на прецизно разграничување на видовите на приватно обезбедување – во вид на услуги и за сопствени потреби, но и на условите што треба да се исполнат со цел вршење на одреден вид на обезбедување.
Потоа се врши и натамошно разграничување во однос на начините на кои може да се врши приватното обезбедувањето, кое во зависност од видот, може да биде физичко и техничко обезбедување.
Предлогот утврдува воспоставување на Центар за обезбедување и надзор како посебна просторија опремена со технички уреди за автоматски прием и обработка на алармни сигнали и информации, со што од друга страна се врши усогласување со функционирањето на правните лица во праксата. /крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со измами за лажни сообраќајки, охриѓанец „заработил“ 3,6 милиони денари, полицијата го уапси
Полицијата расчисти девет сторени кривични дела измама за лажни сообраќајни незгоди, охриѓанец заврши во притвор, жртвите ги оштетил за 3.600.000 денари.
Полицијата вчера го уапси П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. Тој се јавувал на повозрасни лица и лажел дека нивни блиски направиле сообраќајки и им барал пари.
На измамникот му е одреден притвор.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

