Свет
Папата го нападна предлогот на Трамп за израелско-палестинскиот проблем
Папата Франциско предупреди на неправедно решение на израелско-палестинскиот проблем, нагласувајќи дека тоа ќе биде само вовед во нова криза, по блискоисточниот мировен предлог на американскиот претседател Доналд Трамп.
„На средоземниот регион моментално му се заканува избивање нестабилност и конфликт на Блискиот исток и разни земји во северна Африка и меѓу разни етнички, верски и конфесионални групи“ рекол Франциско.
„Не можеме да ги занемариме нерешените судири меѓу Израелците и Палестинците, со опасност поради неправедни решенија кои би можеле да бидат вовед во нова криза“ предупредил папата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ГП Евзони блокиран поради протестот на грчките земјоделци
Денеска во 18:00 часот поради протестот на грчките земјоделци, ГП Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез во Р. Грција, соопшти АМСМ.
Од таму додаваат дека граничниот премин за излез од Грција работи само за тешки моторни возила.
Свет
Mакрон најави зголемување на казните за корисниците на дрога
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денес во Марсеј објави дека казната за употреба на канабис или кокаин ќе се зголеми од 200 на 500 евра.
Со оваа мерка, рече тој, сака да ги погоди паричниците на оние што купуваат дрога и на тој начин ги хранат мрежите за дрога, објавува телевизијата BFM.
За време на разговорот со читателите на весникот „Прованс“, Макрон го изрази своето незадоволство од младите жртви на дрога и луѓето што одат да набават дрога „како за забава“.
Тој нагласи дека секое лице што користи дрога мора да разбере дека придонесува за уништување на градовите и населбите.
Казната за корисниците на дрога беше воведена во 2020 година за да се олесни работата на судовите и да се префрли фокусот на борбата кон криминалните мрежи.
Оваа мерка се однесува на лица со максимум 10 грама кокаин или 100 грама канабис.
Претседателот на Франција, исто така, најави адаптација на борбата против мрежите за дрога, вклучително и следење на дилерите на социјалните мрежи, кои станаа нови места за трговија.
Тој повика на промена на европските правила за да се овозможи онлајн дилерите да бидат гонети, а мрежите да бидат повикани на одговорност.
„Нема да попуштиме, мора немилосрдно да притискаме“, рече Макрон, потврдувајќи дека целта е да се нападнат „шефовите на нарко мрежите“, вклучително и оние што работат од странство.
Макрон, исто така, ги истакна новите затвори со висок степен на безбедност со „апсолутно невидени нивоа на надзор“ и призна дека дилерите ќе продолжат да реагираат и да заплашуваат како што борбата се интензивира, пренесува Танјуг.
Фото: депозитфотос
Свет
Руските граѓани му поставија над 1,6 милиони прашања на Путин за годишната емисија
Повеќе од 1,6 милиони прашања дојдоа од граѓаните на Руската Федерација за програмата „Преглед на годината со Владимир Путин“, која ќе се емитува на 19 декември во 12:00 часот по московско време, објавија денес руските медиуми.
Собирањето прашања за оваа емисија започна на 4 декември во 15:00 часот по московско време и ќе продолжи до крајот на програмата, објавува РИА Новости.
„Годишен преглед со Владимир Путин: примени се повеќе од 1,6 милиони прашања. Оваа година, како и во 2024 година, апликацијата GigaChat ќе ги транскрибира прашањата за директната линија“, објави Кремљ.
Во соопштението се наведува дека до денес се примени 702.000 телефонски повици, 327.000 прашања преку Max Messenger, 262.000 СМС пораки, 175.000 барања преку социјалните мрежи, 61.000 преку веб-страницата, 49.000 ММС пораки и 20.000 преку апликацијата, пренесува Танјуг.
Фото: депозитфотос

