Европа
Стотици илјади на протестите против TTIP и CETA во Германија
Во седум градови ширум Германија во саботата се одржуваат протести против трансантлатските трговски договори Трансантлантското трговско и инвестициско партнерство (TTIP) со САД и сличниот договор за кој Европската унија во моментов преговара со Канада – Сеопфатниот економски и трговски договор (Comprehensive Economic and Trade Agreement – CETА), се собрале стотици илјади луѓе, а властите оценуваат дека станува збор за помала бројност од најавената.
Во Берлин, според процените на полицијата од саботата вечерта, на улиците излегле околу 70.000, а биле најавени најмалку 100.000 луѓе, во Хамбург протестирале 30.000, во Келн 40.000, во Франкфурт – 25.000, во Минхен – 23.000, а во Штутгарт на улиците излегле 20.000 противници на трговските договори на ЕУ со САД и со Канада. Масовни протести имало и во Лајпциг, но бројот на учесниците не е познат уште, соопштила локалната полиција.
Организаторите, пак, соопштија дека полицијата дава намерно помали податоци за бројот на демонстрантите, и според нив во целата земја излегле 320.000 луѓе, од кои во Берлин – 70.000, во Хамбург – 65.000, во Келн – 55.000, во Франфурт – 50.000, во Штутгарт – 40.00, во Минхен – 25.000 и во Лајпциг – 15.000 демонстранти.
Претходно организаторите, меѓу кои граѓанското еколошко движење Naturfreunde Deutschlands, кое обединува германски синдикати и конфесионални групи, на кои им приклучија и партиите Зелени и Левица, најави дека во Берлин под мотото„Да ги сопреме CETA и TTPI! За поправедна светска трговија“, ќе излезат 100.000 луѓе, а во другите градови најмалку 30.000 , но соопшти дека бројноста ќе била поголема бидејќи преку целиот ден во целата земја периодични има поројни дождови.
Противниците на трансатлантските трговски договори стравуваат дека со нивното стапување на сила би биле намалени високите европски стандарди за заштита на потрошувачите и на природната околина.
„Ние не сме антиамерикански расположени, ние се противиме на трговски договори и трговските односи со другите земји. Но факт е дена одлуките за TTIP и CETA се носат на нетранспарентен начин, со нарушување на стандардите на демократските процедури, и им одат на рака само на оние кои се обидуваат да поттикнат стравови во Европа“, соопштија организаторите.
„Бараме транспарентни и чесни разговори и подготовки за TTIP и за CETA. Додека тоа не стане реалност, нема да заминеме од улиците. Се спротиставуваме на арбитражните судови (што е услов на американската страна во преговорите за TTIP). Ние сме против тоа на работодавачите и синдикатите да се гледа исклучиво како на субјекти во пазарната економија“, изјави еден од говорниците во Берлин поздравен од повиците на толпата.
Пред протестите во Германија, комесарката на Европската комисија за трговија Сесилија Малстром во интервју за германскиот дневен весник Bild на организаторите на протестите им префрли дека ширеле невистини. „;Многумина противници на TTIP не ги занима премногу вистината. Во расправата околу TTIP и CETA има многу недоразбирања, баји и лаги“, тврди Малстром.
Германскиот вицеканцелар Зигмар Габриел изјави за новинарите во Берлин, дека не гледа можност да биде постигнат договор за TTIP до крајот на годината, бидејќи тоа би значело да се направат големи отстапки на САД од европска страна. Европејците не се должни тоа да го направат, рече Габриел, чиј став се разликува од оној на канцеларката Ангела Меркел, и е поскептичен во врска со изгледите за постигнување на договорот и ја опиша како „чиста фикција“ претпоставката дека двете страни можат да го подготват договорот во следните неколку месеци. Самата Меркел, пак повикува да се поддржи TTIP, тврдејќи дека ќе донесе нови работни места.
Американскиот претседател Барак Обама во петокот го ангажираше гувернерот на сојузната држава Охајо, Џон Кејсик, да му помогне да ги увери републиканците да го прифатат договорот за Трансантлантското трговско и инвестициско партнерство (TTIP), пред за четири месеци да му истече мандатот. Овој невообичаен потег е последниот обид на Белата куќа да ги убеди републиканците во Конгресот да го усвојат на седмицата пои претседателските избори на 8-ми ноември. Мандатот на Обама, завршува околу 20-ти јануари следната година.
Републиканците традиционално ги поддржуваат трговските договори, но нивниот претседателски кандидат Доналд Трамп смета дека поради нив се намалува бројот на работните места во САД, и се закани дека ќе ги укине доколку биде избран за претседател. Но и демократската кандидатка Хилари Клинтон се противи на договорот кој е непопуларен и меѓу синдикатите и активистите за зачувување на природната средина./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украина почнува да го користи американскиот систем „Темпест“
Украина очигледно го распоредила најновиот американски противвоздушен ракетен систем „Темпест“ со краток дострел. Откритието доаѓа од видео објавено од Командата на воздухопловните сили на Украина на почетокот на оваа година, за кое аналитичарите велат дека го прикажува системот во акција.
Командата на воздухопловните сили на Украина го објави видеото како дел од својата новогодишна порака, на кое се гледа одбивањето на воздушен напад без никаква официјална најава или идентификација на новото оружје. Сепак, украинската аналитичка група „Водохраи“ подоцна објави дека видеото всушност го прикажува системот „Темпест“ како пресретнува руски дрон за време на ноќен напад.
Американската одбранбена компанија V2X ја претстави платформата „Темпест“ на изложбата на Здружението на армијата на Соединетите Американски Држави (AUSA) во октомври 2025 година, но трансферот на системот во Украина не е јавно објавен. Противвоздушниот ракетен систем „Темпест“ е дизајниран да се справи со беспилотни летала, хеликоптери и авиони што летаат ниско во сите временски услови.
Европа
Русија изврши уште еден голем напад со дронови во текот на ноќта
Русија изврши голем напад врз Украина преку ноќ со 156 ударни дронови од типот „Шахед“, „Гербера“ и други. Од вкупниот број, околу 110 летала беа дронови камикази од типот „Шахед“, информираше Командата на украинските воздухопловни сили, како што објави „Украинска правда“.
Според прелиминарните податоци објавени до 8 часот наутро, украинските сили за воздушна одбрана успеале да соборат или електронски да блокираат 135 руски ударни дронови. Одбраната дејствувала на широка област, опфаќајќи ги северните, јужните, источните и централните делови на земјата.
И покрај високата стапка на пресретнување, регистрирани се 16 погодоци на ударните дронови на вкупно 11 локации. Покрај тоа, остатоците од соборените дронови паднале на две места.
Воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, средствата за електронско војување, единиците за беспилотни системи и мобилните противпожарни групи на украинските одбранбени сили учествувале во одбивањето на воздушниот напад. Властите предупредуваат дека нападот сè уште е во тек и дека неколку руски дронови сè уште се во украинскиот воздушен простор.
Европа
Туристи заглавија во Финска поради екстремно ниските температури
Илјадници туристи останаа заробени во северна Финска откако екстремно ниските температури ги приземјија авионите и принудно откажаа летови.
Температурите на аеродромот Китила во Лапонија паднаа на рекордно ниско ниво од -37°C во недела наутро, предизвикувајќи прекини во воздушниот сообраќај, објави Скај њуз.
Арктичкиот студ го погодува аеродромот со денови, што ги прави операциите на аеродромот, вклучително и клучното одмрзнување на авионите, речиси невозможни. Сепак, постои надеж за блокираните британски туристи, со летови до Манчестер и Лондон закажани за понеделник попладне. Успехот на тие летови останува неизвесен бидејќи метеоролозите предвидуваат дека температурите сепак ќе бидат околу -28°C.
Иако жителите на финска Лапонија се навикнати на сурови зими, овогодинешниот студен бран, кој погоди големи области на северна, централна и источна Европа, беше поинтензивен отколку во претходните години. Обилните снежни врнежи, силните ветрови и заледените патишта го направија патувањето опасно низ овој дел од континентот.
Во Германија, патниците со железнички превоз доживеаја големи доцнења и откажувања во неделата откако националниот оператор „Дојче Бан“ ги запре сите услуги на северот од земјата. Властите во Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената покраина во Германија, објавија дека сите училишта ќе бидат затворени во понеделник поради ниските температури, а наставата ќе се одржува преку интернет.
Во балтичките земји Естонија и Литванија, возачите беа повикани да ги одложат сите непотребни патувања поради прогнозираните снежни бури. Соседна Латвија, исто така, издаде предупредување за снег за западниот дел од земјата.

