Црна хроника
Охриѓани и стружани се степаа по ракометен натпревар
Во саботата вечерта по одигрување на ракометниот натпревар меѓу Охрид 2011-та и Струга дошло до меѓусебна расправија и физичка пресметка а со интервенција на присутните полицајци вил спречен поголем инцидент, соопштија од охридската полициска управа
Инцидентот се случил по 21 часот во саботата во охридскиот Спортско-рекреативен центар „Билјанини извори ” во спортската сала „Атина Бојаџи”, откако спортска пресметка меѓу двата соседни ривала заврши со нерешен резултат 19:19.
Дваесет и двегодишен играч на домашниот клуб Охрид 2011 по мечот физички нападнал 27-годишне играч на ракометниот клуб од Струга , што предизвикало меѓусебна расправија и турканица од страна на играчите од двете екипи. На тоа реагирал и дел од публиката со фрлање разни предмети кон играчите и обидувајќи се да влезе во теренот.
Охридската полиција реагирала и било спречено натамошно нарушување, а во тек е расчистување на случајот кој најверојатно ќе заврши со поднесување на прекршочни пријави од страна на полицијата, но се очекуваат поригорозни санкции од стран ана ракометната федерација./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен скопјанец, при преглед пронајдена дрога
Вчера околу 21:00 часот од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршен е преглед на 38-годишниот Ф.Ш. од Скопје при што пронајдена е марихуана.
Ф.Ш. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Топ
Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството
Во врска со тешката сообраќајна несреќа што попладнево се случи на патот Прилеп – Росоман, во близина на Плетвар, дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп вечерва изврши увид на лице место.
Според првичните сознанија, до несреќата дошло при претекнување и судар помеѓу два автомобили што се движеле во иста насока. Од ударот две лица го загубиле животот, меѓу кои и возачот на едното возило, додека петмина се здобиле со повреди и биле пренесени во болниците во Прилеп и Кавадарци.
Јавниот обвинител издал наредби за прибирање на траги од местото на настанот, како и за сообраќајно и машинско вештачење на двата автомобили со цел утврдување на причините за несреќата. Врз телата на починатите ќе биде извршена обдукција, а кај преживеаниот возач ќе се испитува евентуално присуство на алкохол или други супстанции.
Надлежните институции продолжуваат со активности за целосно расветлување на околностите под кои се случила трагедијата.
Црна хроника
Двајца турски државјани уапсени на скопскиот аеродром со фалсификувани визи
Денеска околу 10 часот на скопскиот аеродром, полицијата ги приведе Г.М. и К.М., двајцата државјани на Република Турција.
При излез од државата, при извршена гранична контрола, било утврдено дека визите за Обединетото Кралство што ги приложиле биле фалсификувани.
Двајцата се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

