Црна хроника
Запалено возило во Кавадарци
Џип од марката „Опел Фронтера“ бил запален во неделата изутрината во Кавадарци додека бил паркиран на улицата .„7-ми Април“ од страна на непознат сторител.
Од пожарот целосно се изгорени внатрешниот дел од каросеријата, оштетен е и надворешниот дел и двете задни гуми. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Пожар избувна во угостителски објект во центарот на Охрид
Пожар поладнево избувна во угостителски објект во центарот на Охрид, на Градски плоштад, а повредени лица нема.
Пламенот избувна во оџакот на објектот, а во гаснењето помогнаа врабоtop temaтените од околните објекти. На лице место пристигна и екипа на Територијалната противпожарна единица и веќе пламенот е изгаснат и избегната е поголема материјална штета
Топ
Улични кучиња искасаа граѓани во Аеродром и Карпош
Полицискиот билтен и денес бележи случаи на граѓани каснати од улични кучиња. Вчера во 18.00 часот во полициската станица Аеродром, В.Т.(57) од Скопје пријавила дека на ул„12 Македонска бригада“ во Скопје била касната од куче скитник.
Во полициската станица Карпош, вчера во 13:30 часот С.П.(71) од Скопје пријавил дека на ул.„Хасан Приштина“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Топ
Едниот продавал, другиот купувал марихуана, двајцата добија кривични пријави
СВР Битола поднесе кривична пријава против А.С.(25) и А.А.(20), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 23 април 2024 на ул.„Дабничка“ во Прилеп, полициски службеници кај второпријавениот пронашле и одзеле марихуана која ја купил од првопријавениот.