Црна хроника
Тројца загинати во две одвоени несреќи кај Струмица
Три лица загинаа, а четири се повредени, од кои двајца потешко во две одвоени сообраќајни несреќи што во изминатото деноноќии се случија во Струмица и на патот Струмица-Валандово.
Две девојки загинаа во несреќата што се случила во саботата изутрината на патниот правец Струмица –Валандово кај м.в. “Абрашеви воденици”, кога опел вектра со гевгелиски регистарски ознаки излетал од коловозот и паднал во реката “Тркања”.На лице место во незгодата починале Нада М.(25) од село Негорци, гевгелиско и Магдалена П.(31) од село Миравци, гевгелиско, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Т.Д.(25) од Гевгелија а со телесни повреди се здобил возачот П.К. од Негорци. Неколку часа претходно во Струмица загина возач на „БМВ“ со струмички регистарски ознаки, кое се удрило во сообраќаен знак.Од здобиените повреди на лице место починал возачот Љупче Г. додека со тешки телесни повреди се здобил неговиот сопарник З.Н.(24) и со телесни повреди се здобил сопатникот М.П.(27). На двајцата укажана им е лекарска помош во Медицински центар Струмица./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж насилно изваден од својот дом и со убодни рани оставен кај Транспортниот центар во Скопје
Вчера во 07.40 часот во Полициската станица Аеродром, 34-годишниот К.Б. од Скопје пријавил дека на 24/25.04.2024 околу 01.30 часот, А.„Н“ со употреба на сила го извадил од неговиот дом и го внел во патничко возило кое го управувал К.„Н“, со уште едно лице совозач, извести МВР.
„Како што е пријавено, во возилото А.„Н“ му нанел неколку убодни рани со остар предмет и го однеле кај Транспортен центар во Скопје, каде што повторно му нанел повреда со остар предмет, по што физички го нападнале и го оставиле. Исто така, според пријавеното, тој не бил на преглед и не пријавил во полициска станица затоа што лицата му се заканиле“, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец
СВР Штип поднесе кривична пријава против 53-годишниот Д.Д. и 54-годишниот П.Д., двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, извести МВР.
„На 22.02.2024, по претходна расправија околу сообраќајот, пријавените физички нападнале полициски службеник“, соопшти МВР.
Црна хроника
Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес
Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко лице.
Телото на починатиот било извадено од реката од полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции при МВР, известуваат од СВР Велес.
Увид извршила увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција.