Македонија
Жерновски на конференција во Женева

На 43. сесија на Советот за човекови права, која се одржува во седиштето на ОН во Женева, заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, по покана на министрите за надворешни работи на Германија и Франција, Мас и Ле Дријан, учествуваше на конференција посветена на промоцијата на меѓународното хуманитарно право и справување со неказнивоста.
Во присуство на високи претставници на министерско ниво, Жерновски ги реафирмира заложбите на Република Северна Македонија за почитување, промоција и заштита на човековите права и слободи, како и за почитување на меѓународното хуманитарно право. Тој укажа дека повикот за акција, имплементацијата на меѓународните норми на национално ниво, јакнењето на заемната мултилатерална и билатерална соработка, ќе придонесат за санкционирање на неказнивоста за секое кршење или повреда на меѓународното хуманитарно право.
Во дискусиите за време и по настанот учесниците се осврнаа на широк спектар теми од стратешко значење за регионот и самата ЕУ. Беа разменети мислења за заедничкиот влог и изгледите за постигнување консензус меѓу земјите членки на ЕУ за новата методологија за пристапни преговори, како и за усвојување одлука за почеток на преговорите со Северна Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Гужва на границите, на Табановце и Богородица се чека по 20-тина минути

Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен.
Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце” времето на чекање за влез и излез е околу 20 минути, за. На ГП „Богородица” времето на чекање за излез знесува околу 20 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата, информира АМСМ.
Поради пожар во националниот Парк Јасен, пак, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Маџирмаало 11, општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Дел од Зелениково денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од село Зелениково, општина Зелениково.