Спорт
Се „растура“ репутацијата на олимпискиот великан Мо Фара
Откако беше нарекуван најдобриот британски атлетичар во историјата, повеќекратниот олимпсики шампион Мо Фара се наоѓа во центарот на контроверзи кои се закануваат дека целосно ќе му ја уништат репутацијата, посебно поради врските со американскиот тренер Алберто Салазар.
Програмата „Панорама“ на „Би-би-си“ открива дека Фара ја сменил приказната околу добивањето на контроверзниот суплемент на исхрана, „Л-карнитин“ пред американската анти-допинг агенција. Фара работеше со Салазар во неговиот „Најк Орегон“ проект, освојувајќи четири олимписки злата и шест светски титули во трки на 5.000 и 10.000 метри, но Салазар доби четиригодишна суспензија минатата година поради тоа што на своите атлетичари им давал допинг-средства.

Според „Панорама“, 36-годишниот Фара го сменил исказот за користењето на супстанцијата пред Маратонот во Лондон во 2014 година, а исто така имало голема загриженост и во Британската атлетска федерација околу истата инјекција.
„Иако процесот беше во границите на дозволеното на ВАДА, постои аргумент дека ова е во спротивност на духот на спортот“, се вели во една електронска порака од националната федерација, во која се посочува дека тоа средство не е достапно во Британија и дека Салазар морал да го набави од Швајцарија.
„Л-карнитин“ беше супстанцијата поради која Салазар доби суспензија, откако им инјектирал на сите свои атлетичари, а исто така му пратил порака на Ленс Армстронг, велосипедскиот „крал“ кому му беа одземени седумте Тур де Франс титули поради допинг, во која се вели: „Јави ми се веднаш, тестиравме и тоа е фантастично“.
Фара досега не беше именуван во истрагата на Американската анти-допинг агенција.
BBC tonight, The BBC shines a new light on Mo Farah and Alberto Salazar relationship. This one is not to be missed. https://t.co/z8HkV8Z3qc
— Brian Gregan (@BrianGregan89) February 24, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Шпански медиуми: Судиите го спасија Реал од шокантен пораз
Фудбалерите на Реал Мадрид ремизираа 2:2 на гостувањето кај Елсе во недела навечер.
За многумина, резултатот претставува неуспех за Реал во борбата за титулата, но оние што го гледаа натпреварот повторно можеа да видат, благо кажано, две дискутабилни одлуки во корист на „кралскиот клуб“.
Елче поведе во 52-та минута преку Фебас, а вистинска драма следеше во финишот.
Прво, Реал стигна до израмнување во 78-та минута преку Хаусен, но на многу контроверзен начин.
Шпанските медиуми објавуваат дека пред голот, Џуд Белингам му асистираше со рака на младиот Шпанец, но и покрај присуството на ВАР, голот беше признат.
Елче повторно поведе во 84-та минута преку Родригес, а во 87-та минута уше една контраверзна судиска одлука.
По гужвата во шеснаесетникот на Елче, Винисиус направи очигледен прекршок, му го раскрвари носот на голманот на домашниот тим Инаки Пења, по што Белингам израмни.
Видео асистентот (ВАР) не се огласи и во оваа ситуација.
Така Реал ремизираше втор пат по ред по последното коло и ремито против Рајо Ваљекано, а Барселона заостануваше само еден бод.
Дури и „Марка“, неофицијалното гласило на Реал, го критикува судијата Франциско Фернандез, а по натпреварот призна дека станува збор за чист фаул врз Пења при вториот гол на Реал.
Спорт
(Видео) Меси со гол и хет-трик асистенции го однесе Интер во финалето на Истокот
Фудбалерите на Интер Мајами го победија Синсинати со 4:0 во полуфиналето од плејофот на МЛС.
Лионел Меси блескаше како во своите најдобри денови во дресот на Барселона. Малиот магионичар беше вклучен во сите четири гола на својот тим.
Искусниот фудбалер му донесе водство на Интер во 19-тата минута по додавање од Силвети. Во второто полувреме забележа три за своите соиграчи. Мрежата ја затресоа Силвети и двапати Аљенде по акциите започнати од Меси.
Интер во финалето на Источната конференција ќе игра против Њујорк Сити, кој ја победи Филаделфија Јунион со минимален резултат.
Единствениот гол на овој натпревар го постигна Моралес во 27-та минута.
Ванкувер Вајткепс се пласираа во финалето на Западот со победа над Лос Анџелес ФК, по изведувањето на пенали. Резултатот беше 2:2 по 90 и 120 минути. Пенал серијата Вајткепс ја добија со 4:3.
Вајткепс ќе го дознаат својот ривал за финалето на Западот во ноќта помеѓу вторник и среда кога ќе се сретнат Сан Диего и Минесота.
Спорт
Од еден играч и неговиот менаџер на Мурињо му побелела косата
Жозе Мурињо шеговите ја откри причината за неговата седа коса, раскажувајќи посебна приказна од времето кога тренираше фудбалер во поранешните клубови Реал Мадрид и Челзи.
Португалскиот тренер зборуваше за „проблемите“ што ги имал со менаџерот на Ласана Диара за време на неговиот престој во Мадрид и Лондон.
„Го тренирав Ласана Диара во Реал Мадрид и Челзи. Целата оваа бела коса на мојата глава е поради Ласана и неговиот менаџер“, рече Мурињо, а потоа продолжи.
„Ако игра 90 минути и одигра добро, неговиот менаџер доаѓа следниот ден и бара нов договор и поголема плата. Ако е на клупата и не игра, неговиот менаџер доаѓа во понеделник наутро и бара состанок затоа што Ласана сака да си замине“, се пошегува Португалецот.
Дијара одигра 96 натпревари под водство на Жозе Мурињо за време на неговиот престој во Челзи, а потоа и во Реал Мадрид.
Поранешниот француски репрезентативец (40) се збогува со фудбалот како играч на ПСЖ во 2019 година, а играше и за Марсеј, Локомотив Москва, Арсенал, Анже, Ле Авр, Портсмут…
Тој ја освои Премиер лигата со Челзи, Ла Лига со Реал, а има и две титули во францускиот шампионат.

