Црна хроника
Инциденти во струшко, победата во Струга се славеше со пукање
Две лица се полесно повредени во инцидент што се случи синоќа во близина на спортскиот полигон кај струшкото село Враништа, а само половина час по овој инцидент полицијата спречи судир меѓу две групи во близина на крстосницата за селото Ложани.
Според синоќешните првични информации на охридските медиуми, повредените лица, едниот од Враништа, другиот од Лабуништа, синоќа околу 23 часот се враќале од прославата на изборната победа на ДПА во Струга кон Лабуништа.
Во близина на спортскиот полигон кај Враништа на регионалниот пат ги пресретнале четири лица со нивните автомобили. Почнале да се расправаат и да се тепаат со железни предмети. Двајцата повредени се здобиле со полесни повреди.
Половина час после овој инцидент повеќе жители на село Враништа го блокирале регионалниот пат Струга-Дебар во близина на крстосницата за селото Ложани, а запрен бил и сообраќајот.
По кратко време, на околу 50-тина метри од крстосницата се собрала друга група, жители на селата Велешта, Октиси и Лабуништа. Двете групи почнале меѓусебно да си дофрлаат и да се навредуваат, но полицијата спречила судир меѓу двете групи.
Симпатизерите на ДПА, синоќа, еуфорично славеа низ струшките улици и на плоштадот во центарот на градот, каде грмеше од пукотници од најразлично огнено оружје, јавува Охридњус.
Ја славеа победата на нивниот кандидат, Зијади Села кој ќе биде новиот градоначалник на Струга.
Според државната изборна комисија, кандидатот на ВМРО ДПМНЕ и СДСM освоил 15.276 гласа, односно 42,15 отсто од гласовите, додека кандидатот на ДПА 20.770 гласа или 57, 3 отсто од гласовите
Од изборниот штаб на заедничкиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Владо Кочоски најавија дека ќе поднесат повеќе приговори до ДИК на изборниот процес во Струга, поради низа воочени неправилности. /крај/ох/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Таксист од Скопје побарал мобилен телефон од 26-годишник па му го украл и телефонот и чантата
На 01.02.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје, Ф.Ј.(26) од Скопје пријави дека околу 03:00 часот на подрачјето на Центар, едно лице кое управувало такси возило му го побарало мобилниот телефон за да изврши разговор.
Откако момчето му го дало телефонот, таксистот му ја одзел и чантата во која имало документи и други предмети и со возилото го напуштил местото.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Уапсен полицаец од Делчевско: возел без возачка дозвола, одземен е автомобилот
Денеска во 06:45 часот на булеварот „Македонија“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода 23-годишниот С.Д. од село Тработивиште, делчевско.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал, при што е констатирано дека го управувал возилото без претходно да се стекне со право на управување возило, односно без возачка дозвола.
Запознаен е јавен обвинител, по чија насока возилото е одземено, а лицето е лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Автомобил излета од патот Прилеп – Македонски Брод: тешко повредени деца на возраст од седум и девет години
Вчера во 17:11 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп- Македонски Брод, патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, управувано од 36-годишната Д.М. од Прилеп, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајца малолетни сопатници на возраст од седум и девет години, а со телесни повреди се здбил сопатникот И.М. од Прилеп, констатирани во Градска болница Прилеп. Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

