Македонија
(Видео) Русковска: Обвинетите за 27 април со нешто треба да докажат дека се жртви на политички прогон
Тоа што обвинетите изјавија дека се жртви на политички прогон е нивно мислење и се надевам дека тоа нивно мислење ќе го поткрепат со нешто, рече обвинителката Вилма Русковска по завршувањето на главната расправа за организацијата на „крвавиот четврток“, каде обвинети се поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, поранешните министри за транспорт и врски и за труд и социјална политика Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и екс директорот на УБК, Владимир Атанасовски.
„Обвинителството ќе докаже дека обвинетите кои седат во судницата склучиле план со намера за загрозување на уставниот поредок, како резултат на што се случи настанот на 27 април 2017 година познат како крвавиот четврток“, рече Русковска.
Обвинителката настанот го претстави како мозаик.
„Секој од сега обвинетите претставува една коцка. Доколку фали една коцка, мозаикот е непотполен. Токму нивните усогласени поврзани дејства го претставуваат тој мозаик“, рече таа.
Денеска на главната расправа, Русковска воведните зборови ги заврши со мисла од Гоце Делчев.
„Да ги завршам овие воведни зборови со мисла од големиот Гоце Делчев: Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на толку различни страни. Една од друга – потуѓа“, рече таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Приведен поранешен раководител на УЈП во акција поврзана со дискотеката „Пулс“
Во полициска акција приведен е поранешен раководител на подружница на УЈП, а опфатени се повеќе службеници и вработени, во рамки на истрага за дискотеката „Пулс“.
Од МВР најавија повеќе детали за подоцна.
„Полициски службеници од СВР Штип, ОВР Кочани во соработка со Одделот за криминалистичка полиција по насоки на ОЈО Кочани преземаат повеќе активности на неколку локации низ државата. По завршувањето на акцијата јавноста ќе биде соодветно известена“, соопшти МВР.
Македонија
Зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи за Никола Груевски, прашуваат од СДСМ
Скандалозните ставови на претседателката Давкова дека „не било време за реформи“ поради тоа што во Европа имало војни е политичко ехо на пораките на Никола Груевски, кој само неколку дена претходно од Будимпешта испрати идентичен наратив, велат од СДСМ.
Прашуваат зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи за Никола Груевски.
„Ова е доказ дека Груевски и понатаму ја води партијата од Будимпешта, а Мицкоски и Сиљановска се само формални извршители на неговите директиви.
Се повеќе станува јасно дека владата станува заробена од бегалец од правдата, кој од туѓа држава диктира што треба да се случува“.
Македонија
До недела дожд, на повисоките планини и снег, најавуваат метеоролозите
До недела ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Утре и во сабота наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 литри на метар квадратен за 24 часа, локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на грмежи. Во недела поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.
Во понеделник и вторник утринските температури значително ќе опаднат.
Во Скопје, до недела ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Во сабота во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за ретки грмежи.

