Црна хроника
Силувана малолетничка во машкиот тоалет на ОУ „ Браќа Рамиз и Хамид“
Петнаесет годишен ученик силувал ученичка во машкиот тоалет на Основното училиште „Браќа Рамиз и Хамид“, во скопската населба Шуто Оризари, соопшти полицијата.
Според истиот извор, 15-годишен ученик насилно ја внел 14-годишната соученичка, инаку негова поранешна девојка, во тоалетот каде што веќе се наоѓал друг 15-годишен ученик, кој насила извршил полови дејствија врз малолетничката.
Полицијата работи на расчистување на случајот. /крај/мф/ст
Извор: МВР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Прегазен пешак во Битола: со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера во 20:18 часот во СВР Битола е пријавено дека на улицата „Новачки пат“ во Битола, патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од В.А.(44) од Битола, удрило во пешакот С.П.(62) од Битола.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Битола.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
Црна хроника
Измамен маж од Тетово: дал 2.000 евра за документи во странство, но не ги добил
Вчера во 11:20 часот во СВР Тетово, 44-годишник од Тетово пријави дека бил измамен од едно лице од гостиварско за сума од 2.000 евра.
Според пријавеното, во јули 2024 година тој стапил во контакт со лицето и се договориле да му посредува за документи во странство, по што ги дал парите на неговиот внук.
Како што е пријавено, откако не ги добил документите, а ниту му биле вратени парите, сфатил дека бил измамен и го пријавил случајот. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

