Црна хроника
Затвореник од Косово предизвикал пожар во кумановскиот затвор
Командирот во затворот „К’шање“, во попладневните часови на 27 февруари во кумановската полиција пријавил пожар во крилото за странци, каде што била опожарена ќелија од страна на затвореници.
Од извршениот увид и разговор со вработените во затворот утврдено било дека пожарот бил предизвикан од 34-годишен затвореник од Косово, кој запалил два душека, по што излегол надвор и ги скршил двете камери кои биле поставени во ходникот од крилото.
Пожарот бил предизвикан на вториот кат од затворот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Кочани, пронајдена дрога, уапсени четири лица
Вчера вечер во 20.40 часот во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани ги лишиле од слобода 43-годишниот С.А., 22-годишниот С.М. и 26-годишниот У.К., тројцата од Кочани и 37-годишниот И.С. од Пробиштип, извести МВР.
При претрес во домот на С.А. во Кочани, во кој биле затекнати и С.М., У.К. и И.С., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, кафеава грутчеста материја, дигитална вага и пари во различни апоени.
С.М., У.К. и И.С. биле затекнати при користење хероин и притоа, исто така со судска наредба, бил извршен претрес на У.К. и била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја.
Одземената дрога била дадена на вештачење, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.
Црна хроника
Тепачка во гевгелиската болница: возач на амбулантно возило нападнал лекар
Лекар од гевгелиската болница вчера пријавил во полиција дека бил нападнат од возач на возило на итната помош, соопшти полицијата.
„На 24.11.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Гевгелија, Р.Ц.(36), лекар во Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека околу 12.00 часот во Медицински центар Гевгелија бил физички нападнат од А.К., возач во Итна медицинска помош Гевгелија“, велат од МВР.
Полицијата соопшти дека презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Граната од Првата светска војна најдена на нива во Битолско
Вчера, во битолската полиција било пријавено дека во 9 часот во нива во селото Драгожани, Битолско, од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување била подигната артилериска граната во калибар од 105 милиметри.
Гранатата е од Првата светска војна, информираа од МВР во дневниот полициски билтен.