Црна хроника
Притвор за 61-годишен тетовец кој во својот автомобил силувал малолетничка
Тетовската полиција поднесе кривична пријава против 61-годишен тетовец поради сомнение за сторено кривично дело – полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.
Како што информираат од МВР, на 24 месецов пријавениот најпрвин на тетовската улица „Страшо Пинџур“ во неговото возило го внел малолетното девојче, а потоа на друго место исто така во Тетово извршил обљуба над него.
Тетовецот со кривична пријава бил изведен пред судија на претходна постапка во тетовскиот суд кој му определил мерка притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Понудил поткуп: лишен од слобода албански државјанин на граничен премин Блато

Утрово во 09.15 часот на Граничен премин Блато, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Блато при Регионалниот центар за гранични работи Запад го лишија од слобода Д.А.(30) од Република Албанија.
На граничниот премин, за влез во државата, тој допатувал со патничко возило „фолксваген шаран“ со албански национални ознаки, во кое превезувал уште четири албански државјани, при што во личните и сообраќајните документи ставил пари, кои биле пронајдени од полицискиот службеник кој вршел гранична контрола.
По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Поранешен директор на јавно претпријатие ја злоупотребил позицијата: на некои од вработените им овозможил противправна финансиска корист

СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.А.(53) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Пријавениот, поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“ -Скопје, подрачно одделение Охрид, во периодот од 2022 година до август 2024 година, не воспоставил прецизен интерен протокол за реализација на прекувремената работа, при што било невозможно реално евидентирање на редовната и прекувремената работа, не можело да се утврди времето на извршување на прекувремената работа, а исто така не можело да се утврди по чиј налог била извршувана прекувремената работа.
Со тоа, тој ги пречекорил границите на своите службени овластувања и на дел од вработените им овозможил противправна финансиска корист, со што предизвикал штета на ЈП„Колекторски систем“ – Скопје, Подрачно одделение Охрид за сума од од 2.881.757 денари.
Црна хроника
Дрога и оружје пронајдени кај скопјанец, поведена истрагa

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе nаредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено дека извршило кривични дела – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 и Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 од Кривичниот законик.
Полициски службеници вчера извршиле претрес на таванската просторија во зградата каде живее осомничениот во Аеродром и утврдиле дека таму без дозвола држел огнено оружје – пиштол со калибар 7,65 мм и пет куршуми. Исто така, била пронајдена и опојна дрога – 4,2 килограми марихуана и 5,98 грама кокаин.
Во конкретниот случај постојат околности кои укажуваат дека 21-годишниот осомничен би можел да се даде во бегство, дека ќе ги прикрива трагите на кривичното дело или ќе влијае врз сведоци, но и особени околности што го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело. Од тие причини јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.