Црна хроника
Кочанчанец фатен во Скопје со 670 грама хероин

Кочанчанец фатен со 670 грама хероин во скопската населба „Ѓорче Петров“, кадешто дошол да ја продаде дрогата.соопшти МВР.
Дваесет и осумгодишниот кочанчанец бил фатен со хероинот во средата додека го чекал скопјанецот со кој се договорил да му ја продаде дрогата да му донесе пари и марихуана.
Во Скопје дошол со „ауди А6“,а хероинот го купил од Бугарин во Кочани за 1.500 евра. Се договорил со скопјанецот да се најдат во „Ѓорче Петров’ и за хероинот, скопјанецот требало да му донесе 10 килограми марихуана и 4.000 евра.
Но додека чекал кочанчанецот, полиција го легитимирала и ја зела кесата којашто продавачот на дрогата ја спуштил кога ги видел полицајците. Во кесата била дрогата, па против него е поднесена кривична пријава. Претходно кочанчанецот имал пријави за “затајување“, “фалсификување пари“ и кривично дело по Законот за безбедност во сообраќајот./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.