Европа
Во Германија се јави и Pegada – против американизирањето
Првата акција на протест против американизирањето на европскиот Запад се одржа во саботата попладнето во германскиот град Ерфурт, објави интернет изданието на весникот Der Spiegel.
Акцијата била во организација на ново појавеното граѓанско движење Pegada (Patriotische Europaer gegen die Amerikanisierung des Abendlandes – Родољубиви Европејци против американизацијата на Западот). Според весникот, на протестот учествувале околу илјада луѓе кои носеле транспаренти кои предупредувале на САД како „терористичка сила“, на распадот на односите со Русија и на Трета светска војна.
Ова беше првото јавно појавувањe на приврзаниците на Pegada, чијшто акроним речиси се совпаѓа со на веќе етаблираното граѓанско движење Pegada, или Родољубиви Европејци против исламизацијата на Западот), кое од почетокот на декември организира масовни собири секој понеделник навечер во источногерманскиот град Дрезден и кои секоја седмица стануваат се’ помасовни, па така од првичните две илјади пред две седмици успеа да собере 25.000 приврзаници на традиционалниот марш.
Според весникот, противници на ова движење одржале контра протест на кој имало речиси двојно помалку луѓе. „Ние не можеме да ги разликуваме кои се непријатели а кои поддржувачи (на движењето против американизирањето на Западот), рекол за Der Spiegel портпаролот на полицијата во Ерфурт. Тој додал дека акциите на поддржувачите и противниците на Pegada се претворил во кус судир меѓу двете страни.
Контрапротестот и неповолните услови ги оневозможиле организаторите на собирот на Pegada, да се чуе нивниот глас. Тие биле принудени да се откажат од првобитниот план да дојдат до централниот плоштад и следени од полицијата да се вратат на почетната локација од каде тргнала поворката.
На Facebook страницата на движењето Pegada подоцна беше објавено дека „Денешниот ден во Ерфурт, беше почеток на нешто неверојатно големо!“.
Според весникот, движењето Pegada нема никаква поврзаност со анти-исламското движење Pegida, кое се залага за построги закони за имиграцијата особено од Блискиот исток. Сепак забележува дека сличното име е избрано намерно.
Според претставници на цркви, политички партии, синдикати и антифашистички групи заднината на Pegada e „сирово спој“ на приврзаници на теориите на заговор, неонацисти и насилни хулигани.
Der Spiegel, во истиот текст, истакнува и дека на состанокот на приврзаници на Pegida во петокот навечер во Дрезден изненадувачки се појавил и челникот на германските социјалдеморкати SPD и виценакнцелар Зигмар Габриел. „Сметам дека со луѓето треба подобро да стапиме во контакт“, рекол Габриел и истакнал дека неговото присуство е чисто приватно. „Да разговарате е единственото што може да го направи во демократијата“, додал./крај/мф/сн
Извор: Der Spiegel
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Трагедија во Турција: куп снег падна од покрив и усмрти 21-годишна девојка, несреќата снимена од безбедносни камери
Невидена трагедија се случи во турскиот град Битлис, кога куп снег падна од покрив и уби девојка.
Трагедијата се случи во вторник, 6 јануари, кога снег од покривот падна врз 21-годишната Ајше Идер додека одеше по тротоарот, објавија турските медиуми.
Ајше Идер беше тешко повредена во инцидентот, а снегот се натрупа врз неа двапати, соборувајќи ја на земја. Минувачите веднаш истрчаа да ѝ помогнат, дури и ризикувајќи го сопствениот живот кога снегот падна на земја по трет пат.
📹Bitlis'in Tatvan ilçesinde çatıdan düşen kar ve buz kütlesinin altında kalan 21 yaşındaki Ayşe İder hayatını kaybetti https://t.co/Bcs5z4BaDF pic.twitter.com/4rqQ9yeEvi
— Habertürk (@Haberturk) January 6, 2026
Младата девојка, на која ѝ беше укажана прва помош од медицински екипи испратени на местото на настанот, а потоа однесена во државната болница Татван, не можеше да се спаси. И покрај сите напори им подлегна на повредите.
Инцидентот, кој беше снимен и од безбедносните камери, и смртта на младата девојка, која се подготвуваше за приемен испит на универзитет, предизвикаа голема тага во округот Татван. Телото на Ајше Идер, кое беше преземено од болницата наутро, беше погребано на гробиштата Кучукшу.
Европа
(Видео) Силна бура ги погоди Франција и Велика Британија, објавени се снимки
Силни ветрови ги погодија Франција и Велика Британија денеска, додека бурата Горети ја зафати северна Европа, оставајќи стотици илјади домови без струја. Во Франција, околу 380.000 домови останаа без струја, главно во регионите Нормандија и Бретања, соопшти снабдувачот со електрична енергија Енедис.
Налети на ветер од над 150 км/ч беа регистрирани преку ноќ во северозападниот француски регион Манш, со рекордни 213 км/ч во Барфлер, а железничкиот оператор SNCF ги прекина железничките услуги помеѓу Париз и регионот Нормандија.
Во Велика Британија, 57.000 домови останаа без струја, според National Grid, откако бурата Горети донесе повеќе снег во земјата по една недела студено време. Се очекува стотици училишта да бидат затворени низ Шкотска и делови од централна Англија, кои беа особено погодени од бурата Горети.
Железничките оператори во тој дел од Англија ги предупредија патниците да не патуваат, а некои услуги се прекинати.
Европа
Русите: Испукавме „Орешник“, тоа е одмазда за нападот врз резиденцијата на Путин
Руското Министерство за одбрана го издаде своето прво официјално соопштение по големиот напад со беспилотни летала и ракети врз Украина во текот на ноќта. Во соопштението се вели дека Русија извршила, како што наведува, „високопрецизен удар со долг дострел“ користејќи ја ракетата со среден дострел „Орешник“.
Во соопштението се тврди дека нападот бил одговор на она што Русија го опиша како „терористички напад од страна на режимот во Киев“ врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во регионот Новгород, за кој Русија тврди дека се случил ноќта на 29 декември 2025 година.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили испукале оружје со долг дострел и висока прецизност од копно и море во текот на ноќта, вклучувајќи го и мобилниот копнено-базиран ракетен систем Орешник, како и дека извеле напади со беспилотни летала врз, како што наведуваат, клучни објекти во Украина.
Украина сè уште не потврдила дека нападот врз западниот град Лавов бил извршен со „Орешник“, но украинската војска потврдила дека ракетата летала со брзина од 13.000 км/ч.

