Црна хроника
Битолски пензионер 'олеснет' за 23.000 евра
Во четвртокот во Битола било провалено во дом на 73-годишен пензионер, а засега неидентификуваниот крадец однел богат плен од вкупно 23 илјади евра
Грабежот се случил на улицата „Пробиштипска” кога непознат сторител со насилно отворање на влезната врата извршил тешка кражба од куќата на лицето коешто полицијата го идентификува со иницијалите Д.Ј., при што се одземени околу 22 илјади евра и над 60 илјади денари.
Битолската полиција во петокот соопшти дека презема интензивни мерки за откривање на сторителот./крај/мф/ом
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж насилно изваден од својот дом и со убодни рани оставен кај Транспортниот центар во Скопје
Вчера во 07.40 часот во Полициската станица Аеродром, 34-годишниот К.Б. од Скопје пријавил дека на 24/25.04.2024 околу 01.30 часот, А.„Н“ со употреба на сила го извадил од неговиот дом и го внел во патничко возило кое го управувал К.„Н“, со уште едно лице совозач, извести МВР.
„Како што е пријавено, во возилото А.„Н“ му нанел неколку убодни рани со остар предмет и го однеле кај Транспортен центар во Скопје, каде што повторно му нанел повреда со остар предмет, по што физички го нападнале и го оставиле. Исто така, според пријавеното, тој не бил на преглед и не пријавил во полициска станица затоа што лицата му се заканиле“, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец
СВР Штип поднесе кривична пријава против 53-годишниот Д.Д. и 54-годишниот П.Д., двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, извести МВР.
„На 22.02.2024, по претходна расправија околу сообраќајот, пријавените физички нападнале полициски службеник“, соопшти МВР.
Црна хроника
Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес
Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко лице.
Телото на починатиот било извадено од реката од полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции при МВР, известуваат од СВР Велес.
Увид извршила увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција.