Македонија
(Видео) Арсовски: Заев ги лаже граѓаните за социјалните станови
Зоран Заев и СДСМ во очај ветуваат сè и сешто и лаже. Денеска Заев во својата бледа и паушална прес-конференција без сериозни планови и аргументи, со бројки исфрлени од ракав, по 1001 пат ги лаже граѓаните во однос на ветување проекти во предизборието, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„Ако земеме предвид дека Зоран Заев ветуваше просечна плата од 500 евра, плата за докторите од 100.000 денари, плата за медицинските лица 50.000 денари, минимална плата од 16.000 денари, јасно е според ова што не е остварено овој период, јасно е дека Зоран Заев сè што вети денеска во делот на социјални проекти нема да реализира апсолутно ништо и сето она што го говореше денеска се само лажни ветувања, како и сè останато од паушални зборови исфрлени од ракав.
Денеска Зоран Заев ветува изградба на 777 социјални станови, бројка којашто, како што реков, сигурно ја извадиле од ракав во знак на очај, еве јавно го прашуваме Зоран Заев која беше причината што до сега беа изградени барем половина од овие 777 социјални станови. Наспроти тоа, не се завршени ни оние коишто беа започнати од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ.
Дополнително, Заев ветува 3 старечки домови, а сите знаеме кој беше проектот на СДСМ во однос на старечките домови со Меѓународниот сојуз на веќе обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13, кој е дел од најголемиот случај на рекет во историјата на Република Македонија. Сега, Зоран Заев и СДСМ повторно ветуваат старечки домови, откако проектите на неговите градоначалници заедно со Меѓународниот сојуз паднаа во вода, исто како што Боки 13 падна во притвор. Најверојатно сега нашле нов партнер за реализација на истиот проект што не успеа.
Заев зборува за правата на работниците, кои патем дури и во неговите фирми се пријавени на минимална плата, тоа е неколку пати објавено од страна на медиумите, а законите за работничките права беа донесени на шверцерски начин, како и сè останато, без согласност на Економско-социјалниот совет, кој е легитимно тело за заштита на работничките права и ги отфрли исто така мислењата на синдикатите. Затоа, нема компанија која е задоволна од законите на Заев или, пак, вработени кои успеваат да ги користат своите права и бенефиции што им следуваат“, порача Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Од утре Мицкоски во Минхен на безбедносната конференција: во фокусот, геополитичката стабилност и улогата на Македонија како столб на стабилност во Западен Балкан
Oд утре (петок) премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе биде во неколкудневна посета на Сојузна Република Германија, каде ќе присуствува на 62-та Минхенска безбедносна конференција.
Во рамки на конференцијата, Мицкоски ќе оствари серија билатерални средби со европски лидери, високи претставници како и челни луѓе на меѓународните безбедносни организации.
Во фокусот на разговорите ќе бидат геополитичката стабилност на регионот, нагласувајќи ја улогата на Македонија како столб на стабилноста во Западен Балкан и активен придонесувач во НАТО алијансата.
Исто така премиерот Мицкоски на средбите и состаноците ќе ја реафирмира позицијата на државата за неопходноста од предвидлив и фер пат кон полноправно членство во ЕУ, без наметнати билатерални пречки.
На маргините на конференцијата, предвидени се средби со високи претставници на Европската Унија како и со шефови на влади и држави.
Македонија
Филипче да каже зошто со Заев дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон, кои им биле мотивите и кој и колку профитирал, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Филипче жестоко се обидува да го одбрани својот ментор Заев и поврзаноста на луѓето блиски до СДС во последниот скандал со запленетата марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче и кланот Заеви, Македонија ја претворија во Балкански „нарко-центар“, каде наместо медицинска се произведувала марихуана за црниот пазар. Запленетите 40 тони марихуана, директно водат до фирми блиски до Заев и Филипче.
Венко Филипче е без кредибилитет. Нема афера и скандал, а тој и Заев да не се вплеткани. Филипче и Заев се синоним за криминал, корупција, импровизации, нетранспарентни одлуки и контроверзи. Филипче е човекот кој го уништи здравствениот систем во државата“.
Македонија во време на владеењето на СДС, додаваат од владејачката партија, Зоран Заев и Венко Филипче, наместо строго контролирано производство на канабис за медицински цели, беше претворена во балкански нарко центар за шверц на марихуана на црниот пазар.
Според нив, факт е дека темелите на бизнисот за марихуана ги постави владата на Зоран Заев во 2020 година, додека Филипче беше министер за здравство.
„Владата на СДС делела лиценци на фирми поврзани со Зоран и Вице Заев, а резултат на тоа, денес се тони дрога и сериозни безбедносни последици за државата.
Факт е и дека околу 70 проценти од запленетата дрога деновиве е на фирма во сопственост на луѓе на Заев.
Медицинската марухуана била параван за организиран криминал во огромни размери“.
Прашуваат, зошто Заев лично се интересирал за случајот со петте тони марихуана запленети во Србија?
„Зошто Заев и Филипче дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон, кои им биле мотивите и колку профитирале?
Дали измените на правилникот се донесени по конкретна насока од Заев, и дали со нив се отворил простор за можни злоупотреби и незаконска трговија?
Одговорност мора да има“.
Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

