Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев денеска ќе ги задолжи граѓаните со 131,6 милион евра
Денеска, Зоран Заев ќе ги задолжи граѓаните со 131,6 милион евра. Тоа е задолжување од неверојатни 280 евра за секое четиричлено семејство, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
„Политиките на Владата на СДСМ и Заев ја руинираат македонската економија и ја водат кон банкрот. Штетата што ја прави СДСМ со секој изминат ден сè потешко ќе може да се надомести. Единственото економско блескање што го најавуваше Заев се енормите износи на нови задолжувања. Во државата цветаат само личните бизниси на фамилијата Заеви. Забрзаното задолжување е само показател дека Зоран Заев го интересира само како да ги присвои парите на граѓаните преку неразумно трошење и сомнителни тендери.
Историското рекордно ниско ниво капитални ивестиции во јануари од 1,67 отсто говори дека СДСМ не знае каде тера. Со скапа пропаганда ги лаже граѓаните дека реализираат инвестиции, а бројките говорат дека СДСМ ништо не изградил.
Ги нема помпезно најавуваните патишта, автопати, болниците, училиштата, проектите за младите, амбулантните возила. Заев се утепа од лажење, а од инвестиции останаа само семејните богатења и зголемување на капиталот на неговите функционери.
Зоран Заев се богати, задолжувањата се зголемуваат, а граѓаните осиромашуваат. Јавниот долг не само што е висок, туку ги надмина енормните 50 отсто заканувајќи се со тотално банкротирање на државата. За еден месец Владата на Заев потрошила 1,3 милијарда денари за привремени вработувања, а за неполни три години трошоците за привремените вработувања се зголемени огромни 71 отсто.
Расипничкиот однос на Заев и СДСМ резултира со беда и банкрот. На ова поигрување со државата ќе му дојде крајот на 12 април кога ќе дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт и ќе почне обновата на економијата во Република Македонија“, се вели во партиското соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

