Македонија
Јовче Ременски повлечен од листата на сведоци во „Рекет“

Првообвинетиот во „Рекет“, Бојан Јовановски, преку својот адвокат Сашо Дуковски побарал Јовче Ременски да не сведочи во случајот. Но, предлогот за утре да сведочи Фросина Ременски останува и таа треба да се појави во Кривичниот суд.
Дуковски како бранител на Јовановски побарал од листата на сведоци да се повлечат и бизнисмените Владимир Тодоровиќ и Дејан Панделевски.
Сведоци на денешното рочиште се поранешниот вработен во „1 ТВ“, Сергеј Варошлија, сопственик на оптика и пријателка на Јовановски, Марија Јанковска, и Александар Кртов.
Одбраната на Бојан Јовановски има предложено 12 сведоци.
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври лани поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милески-Кичеец.
Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело и за примање награда за противзаконито влијание. Второобвинетата Јанева се товари дека сторила кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето.
На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3 декември минатата година, третообвинетиот Зоран Милески-Кичеец призна вина за делото примање награда за противзаконито влијание по што беше осуден на три години затвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Влада: Ја зголемуваме енергетската ефикасност преку обновливи извори на енергија

„На 50 училишта на територија на Македонија во текот на летниот период ќе се постават фотоволтаични панели. Неповратен грант од 1.1 милион евра за инвестирање во обновливи извори за енергија, склучи Министерството за образование и наука со Банка за развој при Совет на Европа“, велат од Владата.
„Со ова не само што заштедуваме финансиски трошоци, туку и добиваме можност средствата да ги реинвестираме во други инфраструктурни проекти, дигитални помагала за учениците во училиштата, како и за учебници.
Нашата заложба како Влада е да ја зголемиме енергетската ефикасност преку искористување на обновливи извори на енергија.
Со конкретни чекори, мерки и проекти, не само што заштедуваме буџетски средства, туку и придонесуваме за намалување на загаденоста на животната средина.
Владата работи со визија и цел, а тоа е подобрување и унапредување на образовниот систем“, соопштуваат од Владата.
Македонија
На Богородица се чека околу 30 минути на македонска страна

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Аеродром и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците во околината на објектот ЕКВИЛИБРИУМ на улица Руди Чајевац, општина Аеродром;
· од 09:00 до 16:00 часот, корисниците од дел од улица Ванчо Мицков, општина Карпош;
· од 10:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улица Кнез Трпимир и населбата Трнодол, општина Карпош.