Црна хроника
Кривична пријава за уништување објект ставен под заштита во Битола
СВР Битола поднесе кривична пријава против Г. К. (38) од Штип, управител на „Глобал гамниг“ ДОО Скопје и против „Глобал гамниг“ ДОО Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело оштетување или уништување добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости.
Првопријавениот како одговорно лице во правното лице „Глобал гамниг“ ДОО Скопје во текот на 2019 година извршил градежни работи во ентериерот на фасада од куќа на улицата Широк сокак во Битола, објект ставен под заштита на РС Македонија. На 25.9.2019 инспекциски тим на Управата за заштита на културното наследство наредил запирање на преземените градежни работи до добивање конзерваторско решение, но тој не послушал и ги довршил градежните работи врз објектот, со што трајно го нарушил автентинчниот изглед на наведениот објект.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Млад прилепчанец влегол преку прозорец во куќа во Охрид за да краде, сопственичката била дома
Приведен е 25-годишен прилепчанец кој упаднал преку прозорец во куќа во Охрид и со закана со нож од сопственичката украл пари и злато.
„Во СВР Охрид бил задржан Б.Ј.(25) од Прилеп, кој претходно во Прилеп бил лишен од слобода од полициски службеници од Полициската станица Прилеп врз основа на распишан локален распис. Тој се сомничи дека дека на 25.11.2024 извршил кривично дело „разбојништво“ во дом во Охрид, каде влегол преку отворен прозорец и со закана со остар предмет од сопственичката одзел пари и златни предмети“, објави МВР во дневниот билтен.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Пукна плинска боца приклучена со греалка – скопјанка со изгореници префрлена во болница
Плинска боца приклучена со греалка пукнала вчера во Скопје, пришто 45-годишна скопјанка се здобила со изгореници.
Од МВР информираа дека жената е префрлена во Градската општа болница Свети Наум Охридски.
Припадниците на полицијата стигнале на местото на настанот.
Црна хроника
Со возило излетале на патот кон Пробиштип, тешко повредена сопатничката
Вчера во 15.20 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека на регионалниот пат од с.Неокази кон Пробиштип, патничко возило „форд“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од Г.П.(65) од Пробиштип, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.П.(66) од Пробиштип, констатирани во Општа болница Кочани.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Пробиштип.