Македонија
Облачно и дождливо време со температури до 17 степени
Времето до крајот на денот ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално, и тоа особено во источната половина врнежите ќе бидат поинтензивни, каде што ќе има услови и за локална појава на грмежи. На некои места се очекува да наврнат над 20 л/м2 воден талог. На високите планини ќе има врнежи од снег, а ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Најизразен ветерот ќе биде по должината на Повардарјето и во источните предели од државава (над 70 км/час).
Доцна попладне и навечер ветерот ќе го промени правецот во северозападен. Максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 8 до 17 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец, особено претпладнево. Доцна попладне и навечер ветерот ќе го промени правецот во северозападен, максималната дневна температура на воздухот се очекува да се искачи до 14 степени.
Утре и в петок на повеќе места ќе имаме релативно суво време иако локално се очекува појава на слаб локален дожд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

