Спорт
Куман: Барса ме бараше, реков „не“
Кике Сетиен во јануари го наследи Ернесто Валверде на тренерската функција во Барселона. Сетиен ја добил работата иако бил дури трет на листата потенцијални кандидати.
Познато е дека спортскиот директор на Барселона, Ерик Абидал, неколку дена преговарал со легендата на шпанскиот фудбал Чави, но тој поставил услови, кои во клубот не биле подготвени да ги прифатат.
Пред Чави, од Барселона му се јавиле на актуелниот холандски селектор Роналд Куман.
Куман беше играч на Барселона од 1989 до 1995 година, а од 1998 до 2000 му беше помошник на тогашниот тренер Луј ван Гал.
„Да, ми се јавија. Им реков ‘не’, бидејќи ја предводам репрезентацијата на Холандија. Не беше вистински момент за заминување“, изјавил Куман синоќа во Амстердам по завршувањето на ждрепката за Лигата на нациите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Федерацијата им ја исплати премијата на ракометарите од три милиони денари

Фото/ facebook.com/rfmofficial
По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес Ракометната Федерација на Македонија ја исплати наградата во износ од 3.000.000,00 денари на машката сениорска репрезентација за настапот на Светското првенство.
Ракометарите на Мундијалот натпреварите ги одиграа во Вараждин, Хрватска. Успеаја да минат во главната фаза, првенството го завршија со по две победи, нерешени и порази. Во конечниот пласман беа на 15.место.
Машката сениорска ракометна репрезентација го задржа континуитетот на настапи на големите натпреварувања, обезбедувајќи учество на девети последователен ракометен Мундијал.
Спорт
Тибот Плајс потпиша за Панатинаикос

Германскиот кошаркар Тибор Плајс потпиша за актуелниот европски првак Панатинаикос.
Плајс (35) потпишал договор со грчкиот клуб до крајот на сезоната, стои во објавата на Панатинаикос на социјалната мрежа „Х“.
Германскиот центар во досегашниот дел од сезоната настапуваше за италијанскиот тим Трапани, додека претходно мина осум последователни сезони во Евролигата, настапувајќи за Галатасарај, Валенсија и Ефес. Со Ефес двапати ја освои титулата во тоа натпреварување.
Во Евролигата играше и за Бамберг, Басконија и Барселона, од која се пресели во НБА лигата. Сезоната 2015/16 ја мина во Јута Џез.
Панатинаикос неодамна го напушти грчкиот центар Костас Адетокумбо, кој се пресели во Мурсија, а од претходно се повредени Омер Јурцевен и Матијас Лесор.
Панатинаикос во Евролигата, го зазема третото место во поредокот со 16 победи и 10 пораи.
Спорт
(Видео) Најдобрата кошаркарка на сите времиња замина во пензија

Легендарната американска кошаркарка, 42-годишната Дијана Таураси, шесткратна олимписка шампионка и кошаркарка со најмногу постигнати поени во историјата на ВНБА, официјално објави крај на кариерата.
Таураси целата кариера која траеше 20 години во ВНБА ја мина во Феникс Меркјури. Со оваа франшиза освои три шампионски титули (2007, 2009, 2014 година) и двапати беше МВП на финалето.
Таураси, исто така, пет пати беше најдобра стрелец во лигата. Таа постигна вкупно 10.646 поени, речиси 3.000 повеќе од втората на вечната листа Тина Чарлс. Таураси освои шест последователни олимписки златни медали со репрезентацијата на САД, последниот пред шест месеци во Париз, иако за време турнирот имаше минимална минутажа.
Дијана Таураси се смета за најдобра кошаркарка на сите времиња. Никој нема повеќе олимписки медали од неа во светот на кошарката. Покрај успехот на Олимписките игри и во ВНБА, таа играше и за европските клубови Спартак Москва, Фенербахче и Галатасарај.
Има освоено шест Евролиги, седум руски првенства, а има и титула во турската лига. Таа се истакна и на Универзитетот во Конектикат, освои три шампионски титули и две награди за најдобар играч на сезоната.