Црна хроника
Фатен крадецот од Старата чаршија

Полицијата го фати и го предаде на обвинителството Д.Н. викан “Стап“ (32) од Скопје, која на крајот на минатиот и почетокот на овој месец сторил две кривични дела “тешка кражба“, при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 124 000 денари.
Од страна на Истражен судија на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Првата тешка кражба Д.Н. ја извршил од ноќта меѓу 30.11 и 12 во менувачницата ЕНЕС лоцирана на ул. „Кавтанџиска“ во Старата чаршија, инаку сопственост на А.К. од Скопје.
Д.Н. откако дошол на место, најпрвин насилно – со употреба на метална хебла која ја носел со себе делувал меѓу крилото и касата на влезната врата во висина на бравата – ја отворил вратата, потоа влегол внатре и после пребарувањето по фиоките пронашол и украл два клуча од сеф, една метална лупа, една бројаница, батерија за мобилен телефон, мобилен телефон “Нокиа“, еден привезок, штрафцигер, полнач за телефон, 44 неважечки стари банкноти од разни држави, една неонска сијалица и една запалка жолта боја во севкупна вредност од 4.000 денари.
По извршување на тешката кражба го напуштил местото.
Истата ноќ околу полноќ, пријавениот отишол на ул. „Подграѓе“ во Старата Чаршија, поточно во златарскиот дуќан „Рома дајмонд“ сопственост на Б.Љ. од Скопје, каде што на идентичен начин влегол во дуќанот и украл разновиден сребрен накит, ланчиња, прстени и друго, бижутерија, лупа, машки часовник, една торба, лап-топ марка ХП 630 со полнач, 5.910 денари во разни апоени со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 120.000 денари.
Меѓутоа во тој момент бил забележан од сопственикот кој поминувал во обиколка на дуќанот по што Д.Н. избегал и на околу 50 метри оддалеченост од дуќанот бил спречен и совладан од страна на полициските службеници и приведен во ПС Кисела Вода.
При извршен претрес кај него се пронајдени украдените предмети кои потоа со потврда се вратени на оштетениот.
Д.Н. е познат сторител на кривични дела од областа на имотните деликти за што досега повеќе пати е кривично пријавуван и му се изрекувани затворски казни./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Две жртви во два автобуса: украдени паричник и накит од патнички во Скопје

Две кражби со насилство се пријавени во aвтобус во Скопје за само еден ден. Во Чаир, додека се возела во автобус, М.К. (48) од Скопје останала без паричник со пари, лични документи и други предмети, кои ѝ биле одземени од нејзината чанта.
На подрачјето на Центар, В.З. (20) од Скопје пријавила дека, додека излегувала од автобус, едно лице ѝ го одзело личниот накит со употреба на сила. Полицијата презема мерки за расчистување на двата случаи.
Црна хроника
Малолетник нападнат на училишно игралиште од татко на друго дете во Карпош

Во Карпош, на училишно игралиште, малолетно дете било физички нападнато од татко на друго дете, со кого претходно имало конфликт.
Случајот го пријавила мајката на детето, А.Р. (41) од Скопје, а полицијата презема мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Четирицикл се преврте во Лазарополе – Италијанец тешко повреден

Во атарот на село Лазарополе, на шумска необележана патека, италијански државјанин Л.М. (56) изгуби контрола над својот четирицикл и се преврте.
Во несреќата, тој се здоби со тешки телесни повреди и беше пренесен во болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде му беше укажана медицинска помош.
На местото на настанот извршен е увид од полицијата.