Контакт

Македонија

(Видео) Шилегов го посети новиот центар за ран детски развој лоциран во катната гаража „Беко“

Објавено пред

По повод Европскиот ден на логопедијата, градоначалникот Шилегов денеска го посети новиот Центар за ран детски развој, кој со помош на Град Скопје го отвори Сојузот на специјалните eдукатори и рехабилитатори, во соработка со УНИЦЕФ.

dobivaj vesti na viber

Во овој центар, кој е лоциран во катната гаража „Беко“, се врши процена на потребите на децата за рехабилитација и процена на потребите на нивните семејства за поддршка, индивидуална и групна работа со деца (третмани и интервенции) и индивидуална и групна работа со родители, односно давање психосоцијална поддршка.

Услугите во Центарот може бесплатно да го користат деца до 6-годишна возраст, кои имаат развојни задоцнувања, односно некаква попреченост, а истовремено е обезбедена и поддршка на нивните семејства преку едукација за работа и продолжување на техниките на работење во домашни услови. Со децата и семејствата работи мултидисциплинарен тим составен од стручни лица, специјален едукатор и рехабилитатор, логопед, физиотерапевт, психолог психотерапевт и негувател, кои активно ги вклучуваат и родителите во терапевтските интервенции.

„Го исполнуваме ветувањето дадено пред родителите. Раната интервенција овозможува стимулирање на развојот на децата преку реализација на активности за развој на вештини, а директната вклученост на родителите придонесува за промовирање позитивни социјални и емоционални интеракции меѓу родителите и децата. Со ова го подобруваме квалитетот на живот на овие деца и на нивните семејства, но и ја зголемуваме нивната партиципација во заедницата, што позитивно влијае на унапредување на квалитетот на животот во градот. Град Скопје во изминатиот период покажа дека локалната самоуправа навистина може многу да придонесе во социјалната сфера за доброто на нашите сограѓани. Сите центри за поддршка на лица со попречености добија зголемување на финансиската поддршка од Градот за што повеќе корисници да може да ги користат услугите бесплатно“, рече денеска Шилегов.

Тој додаде дека Град Скопје првпат воведе и стипендирање средношколци со попречености и избира првенец на генерација во средните училишта на Градот меѓу учениците со попречености. Дополнително, се овозможуваат бесплатни услуги од образовни асистенти, помагатели во домашни услови и персонални асистенти, како и медицинска нега во домашни услови.

„Ги прифаќаме различностите и затоа одговараме на потребите на сите наши сограѓани без исклучок. Скопје е град за сите и затоа бескомпромисно ќе се бориме да го олесниме и подобриме секојдневието на секој сограѓанин кому му е неопходна нашата помош“, рече Шилегов.

По повод Европскиот ден на логопедијата, во посета на Центарот за ран детски развој денеска беше и заменик-министерката за труд и социјална политика, Санела Шкријељ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Мал авион се урна во Мавровското Езеро, едно лице е повредено

Објавено пред

Мал авион денес се урна во Мавровско Езеро.

dobivaj vesti na viber

Во авионот имало две лица, од кои едното е повредено, додека другото поминало без повреди, потврдија од Центарот за управување со кризи.

Инцидентот бил пријавен на бројот 112, а надлежните постапиле на лице место.

Фото: Пекселс, Сабина Калари

Прикажи повеќе...

Македонија

Започна изградбата на нова училишна спортска сала во Колешино, Ново Село

Објавено пред

Од

Започна изградбата на нова училишна спортска сала во Колешино, Ново Село. На почетокот на градежните активности беше и премиерот, Христијан Мицкоски.

dobivaj vesti na viber

„Убеден сум дека сите овие проекти ќе значат додадена вредност во квалитетот на животот на локалното население и ние како Влада ќе продолжиме и понатаму да го испорачуваме сето она што сме се обврзале пред граѓаните и сето она што сме го ветиле. Дел од тие проекти е и овој проект, како и други повеќе од илјада проекти коишто во овој момент се во фаза или почетна или во некоја поодмината фаза или во завршна фаза коишто се реализираат, а се резултат на онаа поддршка што општините ја добија од Владата изминативе година и половина во вредност од речиси половина милијарда евра, бидејќи само три стотини и педесет милиони евра се проектите коишто се дел од првиот и вториот повик преку Министерството за локална самоуправа, кога на тоа ќе се додадат проектите коишто ги имаат одредени министерства надвор од овие две програми тогаш доаѓаме до фантастични половина милијарди евра, нешто што досега никогаш не е направено во поновата историја на Македонија“, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ планира прифаќање мигранти и кредит од 6 милијарди евра

Објавено пред

СДСМ обвини дека ВМРО-ДПМНЕ планира прифаќање мигранти и земање кредит од 6 милијарди евра, со кој, како што наведуваат, би се финансирало нивното сместување, исхрана и изградба на социјални станови.

dobivaj vesti na viber

„Со кредитот од 6 милијарди евра да ги плаќаме мигрантите, да ги храниме и да ја плаќаме изградбата на социјални станови за нив. Така изгледа ‘патриотската’ политика на ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во соопштението.

Од СДСМ истакнуваат дека тие се партијата ја внела Северна Македонија во НАТО со цел зајакнување на безбедноста и заштита на државните граници, додека, според нив, ВМРО-ДПМНЕ со вакви планови ја загрозува безбедноста на државата.

Во соопштението се наведува дека државата, како што тврдат од СДСМ, нема финансиски средства, па би земала кредит што би го враќале идните генерации, со цел сместување на мигранти кои, според нив, други земји од Европската Унија ги депортираат за да ја зачуваат сопствената безбедност.

СДСМ обвинува дека ВМРО-ДПМНЕ не е способна да обезбеди ниту еден мал прифатен центар, наведувајќи дека мигрантите демолирале таков објект, и изразува сомнеж во можноста за сместување поголем број мигранти во земјата.

Во соопштението се посочува и дека мигранти веќе пристигнале во Албанија и Косово, а се тврди дека следна на ред би била Северна Македонија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

Мал авион се урна во Мавровското Езеро, едно лице е повредено

Мал авион денес се урна во Мавровско Езеро. Во авионот имало две лица, од кои едното е повредено, додека другото...

Македонија3 часа

(Видео) „Наместо студен камен, никнуваат дрвја што ќе растат“ – засадени 63 јавори во спомен на починатите во „Пулс“

Во Кочани се засадени 63 јавори, по еден за секој млад живот згаснат во пожарот во дискотеката „Пулс“. „Овој чин...

Топ3 часа

84-годишник се обидел да убие жена во хотел во Куманово, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради обид да изврши кривично дело –...

Топ3 часа

(Видео) Расчистено убиството во Гостиварско, поднесена кривична пријава

СВР Тетово – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.М.(53) од село Неготино, општина Врапчиште, поради...

Македонија4 часа

Над 40 автошколи под сомнение дека договарале цени за обука

Постојат индиции дека 40 авто – школи во земјава договарале цените за обука на возачи. Комисијата за заштита на конкуренцијата...

Македонија5 часа

Спасовски 3 месеци го кочел затворањето на станицата за технички преглед во Сарај и овозможил незаконски профит од 90.000 евра, ЈО да реагира, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Оливер Спасовски овозможил противзаконско богатење на фирма во Сарај, со што фирмата се здобила со противправна имотна корист во висина...

Македонија5 часа

Почината жена пронајдена во дупка во атарот на гостиварско Неготино: за едно осомничено лице одреден краткотраен притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар во текот на ноќта изврши увид во атарот на гостиварското село Неготино, каде...

Македонија5 часа

СДСМ: Милошоски најавува мигранти за пари, ама со променет статус во економски работници

„Планот на ВМРО-ДПМНЕ за примање мигранти во Македонија е целосно разоткриен. И не се само пишувањата на британските и светските...

Свет6 часа

(Видео) Шефот на НАТО: „Ние сме следната цел на Русија, немаме време“; Москва одговори

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес ги повика сојузниците да ги засилат одбранбените напори за да спречат војна што...

Свет6 часа

(Видео) Австралиец скокаше од авион, падобранот се заглави во опашката: драматичен инцидент на 4.500 метри

Австралиското биро за безбедност на сообраќајот (ATSB) објави снимка од падобранец чиј падобран се заплеткал во опашката на авионот среде...

Свет7 часа

(Видео) Убиецот на Чарли Кирк првпат се појави пред суд

Мажот обвинет за убиство на десничарскиот активист Чарли Кирк, 22-годишниот Тајлер Робинсон, се појави за прв пат лично на суд...

Свет7 часа

САД воведуваат нови санкции врз Венецуела, насочени кон внуците на Мадуро и нафтениот сектор

САД го зголемуваат притисокот врз Венецуела со нови санкции насочени кон тројца внуци на претседателот Николас Мадуро, меѓу другите. Двајца...

Свет7 часа

(Видео) Земјотрес со јачина од 6,7 степени ја погоди Јапонија, забележано слабо цунами: пристигнуваат снимки

Земјотрес со јачина од 6,7 степени ја погоди североисточна Јапонија, што ја натера Јапонската метеоролошка агенција да издаде предупредување за...

Свет7 часа

Трамп ја презеде контролата врз регулативата за вештачка интелигенција

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба насочена кон централизирање на регулирањето на вештачката интелигенција на федерално ниво за да...

Македонија16 часа

Ѓорѓиевски најавува враќање на празничниот дух, на 15 декември почнуваат настаните на плоштад „Македонија“

На 15 декември почнуваат предновогодишните настани на плоштад „Македонија“. „Градот Скопје со радост најавува дека годинава празничниот дух повторно се...

Македонија18 часа

„Јавноста бара одговори, а добива уште една сцена на политичка формалност“, велат од Блупринт групата за реформи во праводуството за комисијата за Кочани

Јавноста бара одговори, но наместо одговорност, добива уште една сцена на политичка формалност. Семејствата уште еднаш беа оставени да гледаат...

Македонија23 часа

Муцунски: Оваа Влада ниту водела, ниту ќе води политика за прифаќање мигранти во каква било форма

Владата е целосно посветена на економскиот развој и на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Градиме партнерства што носат...

Македонија24 часа

Не може потпис на правен акт да е предизвикувач на пожар, рече Шилегов, бранител на државниот советник Шофкет Хазари обвинет во „Пулс“

Нешто повеќе од половина час, денес, во судницата во „Идризово“, адвокатот Петре Шилегов, бранител на државниот советник во Министерството за...

Топ1 ден

(Фото) Претрес во Тетовско, пронајдени дрога, оружје и муниција

Денеска околу 08:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода 30-годишниот Ф.Р. од село Орашје, општина Јегуновце....

Македонија1 ден

Обвинение за таткото и двете ќерки: спречиле службени лица да одземат добиток во Крива Паланка

Основното јавно обвинителство Крива Паланка поднесе обвинителен предлог против три лица за кривично дело спречување службено лице во вршење службено...