Македонија
Докторката заболена од коронавирус држела предавање пред 50 луѓе и цела недела имала контакт со пациенти
Директорката на Универзитетската клиника за дерматологија, Нина Цаца Биљановска, пред два дена присуствувала на секција на која учествувале над 50 дерматолози и одржала предавање во ресторанот „Рагуза“ во Скопје.
Колегите од клиниката се во паника бидејќи на настанот, но и секојдневно на работа, таа била во постојан контакт со докторите и со пациенти што ги водела.
Во меѓувреме, клиниката е затворена, медицинскиот персонал е во изолација, а пациентите за кои е проценето, продолжуваат на домашно лекување.
Министерот Венко Филипче на денешната прес-конференција изјави дека е крајно разочаран од однесувањето на докторката, особено што постојано се упатуваа апели да се следат протоколите за лицата кои доаѓаат од држави каде што има голем број заразени од коронавирусот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Црвена Младина со герила акција пред седиштето на СДСМ: Вратите на Левица се отворени за сите вистински левичари
Црвената Младина со герила акција пред седиштето на СДСМ за време на внатрепартиските избори за претседател.
„Во период кога партијата се соочува со криза на лидерство и членството е во бунило, ние, како авангарда на работничката класа, одлучивме да подадеме рака на малкумината искрени и чесни левичари кои веруваме дека ги има во СДСМ“, велат од Црвената Младина.
„Со акцијата, им порачавме на сите вистински левичари во СДСМ дека вратите на Левица се отворени за нив. Спремни сме да ги пречекаме сите кои се борат за праведно и солидарно општество. На присутните им поделивме пристапници за членство во политичката партија Левица. Црвена Младина ќе продолжи со своите активности и ќе стои на страната на работниците и ситр угнетени. Нашата борба е борба за социјална правда, еднаквост и слобода“, соопшти Црвената Младина.
Македонија
Изгаснат пожарот во станот во Ѓорче Петров
Пожарот кој се случи во станбената зграда на улицата Виа Игнација број 8 во општина Ѓорче Петров е локализиран и изгаснат, извести директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
Во пожарот нема повредени лица, додаде тој.
Македонија
Мицкоски се сретна со хрватската амбасадорка: Македонија и Хрватска треба да ги искористат капацитетите на заедничкото пријателство
Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека денеска се сретнал со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ.
„Ги потврдивме исклучителните пријателски односи меѓу двете држави“, кажа Мицкоски и додаде дека изразил благодарност за поддршката која ја добива државава од пријателска Хрватска.
„Македонија и Хрватска треба да ги искористат капацитетите на заедничкото пријателство“, рече премиерот.