Црна хроника
Едномесечен притвор за директорот на Народниот Музеј од Велес

Триесет дена притвор за директорот на Народниот Музеј од Велес кај кого полицијата ги пронајде украдените две сребрени парички Тетрадрехми со ликот на Александар Македонски.
Како што јави порталот Лисица, можноста од бегство но и попречување на истрагата биле причините за изрекување на мерката притвор.
Додека осомничениот беше на распит кај истражниот судија, велешкиот градоначалник Славчо Чадиев објави дека донел одлука за негово разрешување и именување на вд директор. Елица Николовска вработена во институцијата до изборот на директор ќе ја извршуваа офаа функција.
Во следниот период музејот ќе подлежи на ревизија. Општината ќе истражува дали недостасуваат и други артефакти. Ќе се проверува и финансиското работење.
„Прво ќе го испратиме нашиот ревизор да ја испита работата таму, а ако е потребно ќе побараме помош и од останатите институции“, рече Славчо Чадиев градоначалник на Велес.
Пред два месеца вработена во музејот пријави дека недостасуваат две сребрени монети и филигранска белегзија. Тогаш директорот не сакаше да коментира како исчезнале вредните предмети. Истрагата на полицијата откри дека тој ги одзел бидејќи сакал да ја збогати домашната колекција. /крај/лсц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Жена од Илинден пријавила дека такси возач ја вознемирувал и ја допирал по телото

Вчера во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од населено место во општина Илинден пријавила дека на 15 септември, 30 минути по полноќ, такси возач наместо да ја однесе до нејзиниот дом, почнал да ја допира по телото.
Откако му се спротивставила, возачот престанал и ја однел до нејзиниот дом.
Жената го пријавила инцидентот и во такси-компанијата каде што возачот бил вработен, по што тој бил отпуштен од работа.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Сведок почина во граѓанскиот суд во Скопје

Вчера во полицијата било пријавено дека во Основниот граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Црна хроника
Пациент во Тетово нападнал лекар и полицаец во болница

Полицијата од Тетово вчера попладне го приведе М.М. (28) од селото Челопек, по пријава дека во Клиничката болница во Тетово агресивно се однесувал кон медицинскиот персонал и физички го нападнал Л.А. (31) од село Желино, лекар кој се обидувал да му укаже лекарска помош.
Според МВР, по пристигнувањето на полицијата, осомничениот продолжил со агресивното однесување и нападнал и еден од полициските службеници.
М.М. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.